Таг: Општина Центар
таг: Општина Центар
ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, соопштија денес од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).
Така, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во...
Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје
Детското игралиште со руска тематика зад Универзалната сала во Скопје, во чија изградба учествуваа Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава, предизвика своевиден дипломатски скандал. Мета.мк откри дека меѓу поставените табли со имиња на руски градови, беше вметната и табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот Крим на Црното море,...
Изложба и дискусија „Современи (не)демократии – исчезнување на јавниот човек“, денес од 12 ч. во Општина Центар
Во рамки на 16. АКТО Фестивал за современи уметности, денес ќе биде отворена изложбата „Современи (не)демократии - Исчезнување на јавниот човек“ која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски.
Изложбата ќе се отвори на 6 ноември 2021 година (сабота), од 12 часот, пред салата за седници на Oпштина Центар.
По изложбата, на...
Фото-вест: Зад Универзална сала во Скопје отворено детско игралиште со руска тематика
Детско игралиште со руска тематика изникна зад Универзалната сала во центарот на Скопје во текот на предизборната кампања пред локалните избори во земјава. Игралиштето, на кое треба да си играат деца од околните згради, е со подлога - мапа на Руската Федерација и испишано е името на државата „Русија“ на руски јазик. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ја...
Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар
Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи.
„Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос...
Кафулињата „Гнездо“ и „Интермецо“ добија решенија за намалување на бучавата, потоа следуваат и казни
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар соопштува дека продолжува со мерењата и со теренските контроли на гласноста во угостителските објекти во оваа општина и донесува решенија за преземање мерки.
Овластените општински инспектори за животна средина, заедно со одговорните лица од овластената лабораторија за мерење на бучава, деновиве се повторно на терен.
„По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки...
Изградбата на првата дваесеткатница спроти Холидеј Ин може да почне
Инвеститорите МГ Фешн и Македонската православна црква може да отпочнат со изградба на кулата со приземје, 20 ката и поткровје на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во изјава за „360 Степени“ вели дека нема никакви пречки решението за градење на дваесеткатницата да стане правосилно. Со добивањето на градежната дозвола,...
Општина Центар го објави Конкурсот за идејно решение за локалитетот кај фабриката Треска
Општина Центар денеска го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар, информираат општинските власти.
За оваа атрактивна локација во центарот на Скопје е создадена програмска задача од стручна Комисија ангажирана за изготвување на задачата, за која од Општината велат дека имала за...
Амбасадорот на Русија и градоначалникот на Центар положија цвеќе пред споменикот „9 Мај“
Делегација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, предводена од рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на улицата „9 Мај“ во Општина Центар, по повод одбележување на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.
„Ја наведнуваме главата пред сеќавањето на паднатите и заминатите. Голем поклон и...
Општина Центар: Се врши најгруб притисок врз советниците за локацијата кај поранешна „Треска“
Општина Центар соопшти дека на вчерашната седница на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“ со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови.
Како што објаснуваат од општината, дописот...
За пет месеци во Општина Центар рециклирани 100.000 ПЕТ пластични шишиња и лименки
Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“, кој се спроведува 5 месеци, досега се рециклирани 100.000 ПЕТ пластични шишиња и лименки, преку повратните вендинг машини на ЈП ПОЦ и Општина Центар, кои одат на натамошна обработка, а жителите за тоа добиваат субвенции на нивната Green Pay картичка, соопштија од оваа општина.
„Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг...
Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин
Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители на Ново Маало и...
За локацијата спроти „Холидеј Ин“, Асоцијација на архитекти бара да се почитува ГУП-от и јавниот интерес
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата, се произнесоа во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, на кој треба да се градат висококатници. Тие укажуваат дека просторот е необновлив ресурс и треба со него да се ракува внимателно и со почит.
„ААМ е за доследно почитување на целите,...
Општина Центар ја прифати донацијата од семејството на Горан Стефановски за негово спомен обележје во Дебар Маало
На последната 63. седница на Советот на Општина Центар, советниците ја усвоија Одлуката за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Стефановски.
Во знак на сеќавање на доајенот на македонската современа книжевност, семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со цел да се реализира Одлуката за...
Општина Центар стравува од финансиска штета ако го суспендира ДУП за паркингот спроти Холидеј Ин
Советот на општина Центар на 63-та седница не донесе одлука за суспензија на Деталниот урбанистички план (ДУП) за локацијата спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје. ДУП Голем Ринг јужен дел-исток продолжува да важи, а градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ објаснува дека суспензијата може да доведе до тужба кон општината и финансиска штета што ќе треба да...
Во ДУП-от спроти Холидеј Ин на три парцели е дозволена изградба на 60-катници
Инвеститорот МГ Фешн на вчерашната презентација на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ информираше дека на парцелата 1.1 на паркингот спроти Холидеј Ин ќе градат три висококатници од 16, 20 и 22 ката, иако ДУП-от Голем Ринг јужен дел-исток им овозможува да изградат кула висока и до 60 ката. Актуелниот ДУП за оваа локација, која што опфаќа и дел од Ново...
„Порта Македонија“ повеќе не е дел од културното наследство, власта треба да ја одреди нејзината иднина
Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, објавува „Независен.мк“. Со тргнувањето на заштитата на Триумфалната порта, се отвора можноста за рушење на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје.
Градоначалникот на...
Минатата недела санкционирани 158 непрописно паркирани возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје информираат дека минатата недела санкционирале 158 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 8 до 14 март 2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“, на ЈП ПОЦ, отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко...
Минатата недела санкционирани 191 возило во Општина Центар
Во текот на минатата недела санкционирани се 191 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, поради што е интервенирано од ЈП Паркинзи на Општина Центар, Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција.
„Во периодот од 1.03. до 7.03.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а...
Уставниот суд го укина мораториумот за градење во Општина Центар
Уставниот суд на вчерашната одржана седница ја укина одлуката за забрана за градење во Општина Центар. Со ваквата одлука, се враќаат на сила досегашните детални урбанистички планови (ДУП), по кои ќе може да се гради во оваа скопска општина.
„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесен од Советот на...