Општина Центар го објави Конкурсот за идејно решение за локалитетот кај фабриката Треска

-

Општина Центар денеска го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар, информираат општинските власти.

За оваа атрактивна локација во центарот на Скопје е создадена програмска задача од стручна Комисија ангажирана за изготвување на задачата, за која од Општината велат дека имала за цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини за изградба на нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот.

„Идејата за конкурсот произлезе од граѓанската иницијатива доставена во месец јануари 2020 година, а беше позитивно прифатена од Советот на Општина Центар и од мене како градоначалник. Во Европа вообичаена пракса е просторното уредување на поранешните индустриски зони да се проектирааат врз основа на јавен конкурс и затоа ние како локална самоуправа сметавме дека конкурсот е правилен начин за урбанистичко планирање што ќе биде во корист на јавниот интерес“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Во споредба со актуелниот план, општинарите сметаат дека придобивките што се очекуваат од Конкурсот за локалитетот фабрика Треска ќе бидат зголемување на површината за јавни функции до 47 отсто, локација за нова детска градинка со капацитет за 250 деца, детски и спортски игралишта и зачувување на зелениот фонд, согласно новиот Правилник за урбанистичко планирање. Споредбено со важечкиот план, станбените и деловните згради ќе имаат поквалитетно просторно решение што на самите инвеститори ќе им овозможи нови поволности за добивање поквалитетни решенија за станбени заедници и паркинг-простор.

За потребите на конкурсот, Општина Центар обезбедила ажурирана подлога, геодетска снимка на постоечките дрвја, односно 95 дрва се геореференцирани, нумерирани и фото-документирани. Дополнително била направена анализа на сопственоста на земјиштето и објектите, спроведени биле нумерички анализи и анализи на планските документации, како и други достапни податоци што ќе им овозможат на учесниците да се фокусираат на аналитичкиот и креативниот аспект на решението.

Заинтересираните кандидати на Конкурсот ќе може да аплицираат во периодот од 24 јуни до 1 септември 2021 година. По завршување на конкурсот и фазата на оценување на испратените трудови, најдобрите тројца кандидати ќе бидат наградени со паричен фонд, а трудовите ќе бидат изложени на архитектонска изложба за јавноста.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...