Градоначалниците Саша Богдановиќ и Илија Јованоски позитивни на ковид-19

-

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на корона вирус, поради што останува во домашна изолација, следејќи ги инструкциите на лекарите.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен“ напиша Богдановиќ.

Иста вест на социјалните мрежи соопшти и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој пак, во текот на вчерашниот ден направил тест откако се посомневал на првичните симптоми на корона вирусот. И тој останува во домашна изолација, со лесни симптоми.

„Како што се покажа, вирусот ковид-19 е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот „британски“ сој, кој за жал го има во нашиот град. Затоа, апелирам на максимално и строго почитување на мерките за заштита“ напиша Јованоски.

Во моментов во Прилеп има 551 активни случаи со ковид-19, а денеска регистрирани се 79 нови случаи, 19 оздравени лица и еден починат пациент.

И двајцата градоначалници потенцираат дека вирусот е опасен и непредвидлив, а до граѓаните апелираат да носат заштитни маски, да одржуваат физичка дистанца и да вршат честа дезинфекција на рацете и работните површини, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на корона вирусот.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...