Фото: Арбнора Мемети

На речиси една година од појавата на првиот случај на корона вирус во земјава, бројот на заболени лица од ковид-19 надмина 100.000 случаи. Во изминативе денови се регистрира постепен раст на бројот на новорегистрирани заболени граѓани од вирусот. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а има 725 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.

По градови, во Скопје има 274 нови случаи, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2 и во Берово еден случај.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 215 оздравени пациенти, од кои во Скопје се 125 лица, Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по двајца, а во Кочани, Крива Паланка и Виница по еден оздравен.

Пријавени се вкупно 13 починати лица, по 4 од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата до денеска изнесува 100.632. Од нив, како оздравени пациенти се водат 90.311, додека бројот на починати е 3.098.
Во однос на бројот на активни случаи, во земјава има 7.223 заболени од ковид-19. Од нив, најмногу се регистрирани во Скопје, каде се активни 3.153 случаи.