фото: ЈП Паркинзи Центар

Во текот на минатата недела санкционирани се 191 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, поради што е интервенирано од ЈП Паркинзи на Општина Центар, Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција.

„Во периодот од 1.03. до 7.03.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштијат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот, со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и да се реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на оваа општина.