ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје информираат дека минатата недела санкционирале 158 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 8 до 14 март 2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“, на ЈП ПОЦ, отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 70 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот каде биле паркирани.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и на резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар.