fbpx
Таг: Општина Тетово

таг: Општина Тетово

Порталб: Општина Тетово доби 29,5 милиони денари за изградба на булеварот „Благоја Тоска“

Секоја година веќе седум години наназад, градоначалничката на Тетово Теута Арифи ветува отворање на булеварот „Благоја Тоска“ во овој град. Во меѓувреме, пред два дена за ова беа обезбедени 29,5 милиони денари од Владата на РСМ, средства кои ќе бидат искористени за експропријација на земјиштето на жителите од оваа населба, кои според општината, се единствениот проблем за одолговлекување на...

Порталб: Улица „116“ во Тетово ќе биде реконструирана во март 2021 година, ветува Општината

Општинските власти одговорија на веста што „Порталб.мк“ ја објави завчера за фактот дека иако Општина Тетово одвоила околу 2,5 милиони денари за реконструкција на улицата „116“, работите сè уште не се започнати, пишува Порталб.мк. Иако договорот објавен во системот за јавни набавки не споменува такво нешто, сепак работите ќе се вршат од третиот месец на следната година. „Се планира работите да...

Активистичка акција во Тетово: Автобуси духови поставени пред новите автобуски станици

Со акцијата „За прв пат во светот, автобус дух!“, група активисти во Тетово поставија автобуси духови пред автобуските станици за чекање, коишто неодамна беа поставени во градот од Општина Тетово. „Поаѓајќи од досегашното искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им...

Порталб: Автобуски постојки поставени, но автобуси во Тетово сѐ уште нема

Со иронија, сарказам и шеги, некои граѓани од Општина Тетово на социјалните мрежи го коментираат поставувањето на автобуските станици за јавен превоз во Тетово, имајќи предвид дека автобуси сè уште нема, пишува „Порталб.мк“. Овие постојки се наоѓаат на неколку локации во градот, почнувајќи од универзитетскиот пат до центарот. Во меѓувреме, Теута Арифи за „Порталб.мк“ вети дека пред Нова година ќе...

По написот на „Порталб.мк“, поставени столбови околу ОУ „Истикбал“ во Тетово (ФОТО)

Десетина дена откако „Порталб.мк“ информираше дека учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово секој ден се принудени да пешачат на улица бидејќи на тротоарите околу училиштето постојано има паркирани автомобили, Општина Тетово постави столбови за да се спречи паркирањето. Учениците на ОУ „Наим Фрашери“ и денеска продолжуваат да се движат по улица наместо по тротоар, пишува „Порталб.мк“. Не само околу училиштата,...

Порталб: Учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово се принудени да пешачат по улица за да стигнат до училиште

Една од главните улици низ која секојдневно поминуваат учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово, е претворена во паркинг. Како последица на тоа, за да одат учениците на училиште, изложени се на ризик бидејќи пешачат по коловозот. Пред три дена општинските власти ветија дека во рок од седум дена овој проблем ќе биде решен, пишува Порталб.мк. Во Тетово, на некои места...

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“. Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за...

Прогласувањето на Шара за национален парк на јавна расправа во Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште

Јавните расправи за Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк, започнуваат идната недела и ќе се одржат во Општините Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште. Жителите, граѓанските организации и институциите од овие локални самоуправи ќе треба да ги дадат своите сугестии и забелешки за нацрт законот и другите документи со...

Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците

Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не лежи само во полицијата,...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Во среда во Тетово продолжуваат протестите на учениците против онлајн настава

Средношколците од општина Тетово од среда ќе продолжат со протести против онлајн наставата. Тие велат дека не се откажале од бојкотот на наставата и дека единствено барање им е настава со физичко присуство, пишува „Порталб.мк“. Следниот протест ќе се одржи во форма на марш, во среда, односно на 07.10.2020 година, тргнувајќи од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ до плоштадот „Илирија“. „Објавуваме дека...

Тетово го „претрка“ Охрид според висината на долговите, на листата и Карпош, Струга, Делчево

Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, пишува „Порталб.мк“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500.000...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

За разлика од Скопје и Кичево, Тетово сè уште нема оглас за доделување на субвенции за инвертери

Општина Тетово сè уште го нема подготвено јавниот повик за аплицирање за субвенции за инвертери, за разлика од Скопје и од Кичево, каде жителите започнаа да аплицираат. Од Општината за „Порталб.мк“ изјавија дека огласот ќе го објават во текот на следната недела. Од четирите општини во Северна Македонија каде воздухот е најзагаден и кои се избрани за доделување на вакви...

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен...

Општина Тетово во 2019 г потрошила трипати повеќе за јавни набавки отколку претходната 2018 г

Три пати повеќе пари за јавни набавки потрошила Општина Тетово лани во однос на претходната година, а во 2019 ја имала и најголемата јавна набавка во годината. Општина Тетово лани потрошила повеќе од една третина од вкупната сума што Полошкиот регион ја издвоил за сите јавни набавки, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации, чија база за јавни набавки...

Тетовската бања со мини депонија, инспекторите за животна средина ова го дознаваат од медиумите

Полека но сигурно, делот од реката Пена кај Тетовската бања го добива епитетот депонија. Иако ова место е преполно со отпадоци и има страшна реа, Инспекторатот за животна средина во Тетово за ова дозна од новинарот на „Порталб.мк“ бидејќи тие не ја забележале депонијата и не биле претходно известени за овој случај, пишува „Порталб.мк“. Ова не е прва, но ниту...

Иако се издвоија над 3 милиони денари, потпорните ѕидови кај тетовска Бања не се изградија

Иако Општина Тетово од буџетот за 2019 година издвои пари за изградба на заштитниот ѕид кај Градска бања во Тетово, проектот досега не е реализиран. Некои од ѕидовите на оваа локација, за кои „Порталб.мк“ редовно информира, претставуваат голем ризик за граѓаните и се речиси пред паѓање. Општинските власти ни рекоа дека планот за изведба е променет и сепак ќе...

Распишан тендерот за набавка на градски автобуси за Тетово, повикот трае до 15 јули

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Тетово наскоро треба да добие нови градски автобуси со кои ќе може да профункционира јавниот превоз во градот. Општина Тетово го распиша повикот за доставување понуди од заинтересираните компании за набавка на автобуси за јавен превоз. Тендерот е отворен за доставување на понуди до 15 јули, а процесот на понудување и избор на фирмата ќе се спроведе преку процедури...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...