fbpx

Порталб: Учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово се принудени да пешачат по улица за да стигнат до училиште

-

Една од главните улици низ која секојдневно поминуваат учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово, е претворена во паркинг. Како последица на тоа, за да одат учениците на училиште, изложени се на ризик бидејќи пешачат по коловозот. Пред три дена општинските власти ветија дека во рок од седум дена овој проблем ќе биде решен, пишува Порталб.мк.

Во Тетово, на некои места граѓаните ги ризикуваат своите животи и животите на своите деца затоа што се принудени да пешачат секој ден по коловозите, бидејќи тротоарите се постојано зафатени од паркирани возила. Најпроблематични се патиштата што водат до градските основни училишта.

Вториот влез на ОУ „Истикбал“ во Тетово. 20.10.2020 | Фото: Порталб

На еден од влезовите на ова училиште се поставени блокади кои го спречуваат паркирањето на возилата. Сепак, фотографиите погоре покажуваат дека вториот влез е узурпиран од возила.

Од Општина Тетово, пред три дена за Порталб.мк ветија дека во рок од 7 дена ќе го решат овој проблем, така што, како што рекоат, ќе стават блокади за да се спречи паркирањето возила.

„Во некои од основните училишта поставивме блокади со кои се спречува паркирање на возила на тротоарите. Минатата недела ги поставивме кај ОУ „Кирил и Методиј“. А пак, што се однесува до ОУ „Наим Фрашери“, во сабота работниците ќе излезат да извршат мерења и веруваме дека во рок од една недела блокадите ќе бидат поставени“, велат од Општина Тетово.

Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи (СВР) нѐ информираше дека во последните три години има мало зголемување на бројот на пешаци кои биле повредени од возила, додека за 4 години вкупно се повредени 308 пешаци.

  • 2017 – две жртви, 67 пешаци со лесни телесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2018 – една жртва, 72 пешаци со лесни телесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2019 – две жртви, 74 пешаци со лесни телесни повреди, 16 пешаци со тешки телесни повреди.

Основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово го има истиот проблем, а општинските власти ветија дека ќе постават блокади и во тоа училиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...