fbpx

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

-

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“.

Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за постојки и за возење на петте автобуси од идниот јавен превоз, ветени од градоначалничката Теута Арифи, наидоа на проблеми.

Од вкупно 45 предвидени локации на целата територија на градот, првично ќе бидат поставени само 10, а следната година се планира да се стават во функција останатите локации.

„Со одлуката за утврдување на локациите за постојки и места за враќање на автобуси во Општина Тетово, одобрена од Советот на општина Тетово, предвидени се 45 локации на целата територија, но за оваа година првично ќе бидат ставени во функција само 10, како пилот проект. Прво да се предвиди како ќе функционира проектот, па следната година ќе бидат пуштени во употреба сите предвидени локации, врз основа на одлуката“, изјавија од Општина Тетово.

„Порталб.мк“ дознава дека локациите што првично ќе бидат во функција се од влезот на градот, од „Монопол“ до плоштад „Илирија“, како и автобуските постојки на потегот од плоштадот „Илирија“ до Универзитетот на Југоисточна Европа.

Како ќе функционираат овие постојки и кој ќе плати за нив?

Во ноември 2018 година компанијата „4 all media“ со седиште во Скопје, на
Општина Тетово ѝ понуди 45 автобуски под-станици, по цена од 960.000 денари, без ДДВ. Тоа беше донација од оваа компанија. Сепак, според членот 3 од тој документ, во случај на прифаќање на овој предлог, Општина Тетово се задолжува да му обезбеди на донаторот рекламен простор за десет наредни години, со можност за продолжување на периодот.

Тоа предизвика дебата во Советот на Општина Тетово, советникот од Алијансата за Албанците, Ариф Селами, предложи отстранување на овој член од документот.

„Не може тоа да се смета донација, кога за возврат општината се задолжува и се товари да му даде на донаторот право да ги користи овие простори за рекламирање за период од 10 години. За донацијата да добие вистинско значење, јас предложив овој член да се отстрани“, изјави советникот на АА, Ариф Селами, во 2018 година.

Непосредно после тоа, постапката за доделување на автобуските постојки е прекината во Советот и поставувањето на почеток ќе го изврши општината со свои средства.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во Програмата за локални избори од 2013 година: „Градиме заедно“, додека истото го повтори и во дебата организирана од БИРН Косово и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување не е исполнето.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по втор пат основа претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“, бидејќи првото престана да работи автоматски, поради надминување на законските рокови за почеток со работа. На последниот состанок на Советот беше изгласан статутот на ова претпријатие.

Инаку, првичниот тендер за набавка на петте автобуси пропадна, по што беше распишан втор по ред тендер за купување на превозните средства со кои ќе се одржува јавниот превоз во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...