fbpx

Тетовската бања со мини депонија, инспекторите за животна средина ова го дознаваат од медиумите

-

Полека но сигурно, делот од реката Пена кај Тетовската бања го добива епитетот депонија. Иако ова место е преполно со отпадоци и има страшна реа, Инспекторатот за животна средина во Тетово за ова дозна од новинарот на „Порталб.мк“ бидејќи тие не ја забележале депонијата и не биле претходно известени за овој случај, пишува „Порталб.мк“.

Ова не е прва, но ниту последната депонија која “инспекторатот за животна средина на Тетово не ја забележува”. „Порталб.мк“ постојано известува за пасивноста на инспекторите за животна средина на Тетово, земајќи го во предвид фактот дека има многу случаи на горење отпадоци, додека сторителите останале неоткриени.

Во врска со оваа мини депонија, началникот на општинскиот инспекторат во Тетово нѝ рече дека инспекторите не биле известени за овој случај и дека ќе интервенираат.

– Не сме запознаени за овој случај. Ќе интервенираме и тука – рече Гзим Ганиу, началник на Општинскиот инспекторат во Тетово, за мини депонијата кај градската бања.

Од Јавното комунално претпријатие “Тетово” ни рекоа дека се работи за приватна сопственост, поради тоа тие не се надлежни да интервенираат.

– Што се однесува до отпадоците околу реката, ве информираме дека тие ќе бидат отстранети во текот на чистењето на речното корито. Додека другиот дел е приватна сопственост за кое ЈКП нема надлежност за чистење – рече Џелал Цека од ЈКП “Тетово”.

Парадоксално е како може една од поголемите општини во земјава да има ангажирано само шест инспектори за животна средина, а во текот на 2019 година овие инспектори да изрекле само 16 казни за загадувачите на животната средина.

Инаку, некои од случаите за кои сторителите досега останаа неоткриени се горењето на депонијата во Тетово, горењето на отпадоците во населбите “Блок 70” и “Дарданија”, горењето на отпадоците во “Ромската населба”, како и многу други кои што граѓаните постојано ги пријавуваат во “E-report”, бидејќи објавениот број на веб-страницата на Општина Тетово (0800-55-043) за пријавување на овие случаи е нефункционален.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...