Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

-

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози на 25 јавни институции во пет избрани општини во земјава, што денеска го објави Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

Истражувањето во Полошкиот плански регион опфатило пет институции: Општина Тетово, Втора гимназија „7 март” – Тетово, Основен Суд – Тетово, Клиничка болница – Тетово и Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Тетово. Речиси ниедна институција на својата интернет-страница не ги објавува контакт податоците за лицата задолжени за прием на пријави од укажувачи, за слободен пристап до информации од јавен карактер и за претставки и предлози.

„Отсуствуваат обуки за лицата кои постапуваат по наведените закони. Имено, не се овозможува професионална надградба и специјализација за овие лица“, се забележува во извештајот.

Општина Тетово воопшто не одговорила на ниедно барање за информација од ИСИЕ.

Само Клиничката болница – Тетово има назначено лице за прием и постапување по пријави на укажувачи и интерни акти со кои се уредуваат внатрешните процедури за пријавување, а во Втора гимназија „7 март” – Тетово обврските за прием и постапување по пријави на укажувачи ги врши раководното лице. Во ниедна од институциите никој не бил на обука за постапување со укажувачи.

Две од пет институции три години не добиле ниедно барање за слободен пристап до информации.

„Тоа покажува дека овој инструмент за обезбедување на јавност и транспарентност не бил искористен воопшто“, се заклучува во извештајот.

Основниот суд за три години добил 28 барања за слободен пристап до информации, Клиничка болница – Тетово примила 9 барања, додека Втора гимназија „7 март” – Тетово и Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Тетово, единствена која нема назначено лице за постапување со ваквите барања, немаат примено ниту едно барање. Само болницата напоменала дека одговорила на сите барање во законскиот рок.

„Анализата на примени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажа дека се работи за многу скромен број на примени барања, ако се има во предвид дека се работи за период од три години“, се вели во извештајот.

Многу е мал бројот и на поднесоци според Законот за постапување по претставки и предлози, а три од институциите три години не примиле ниедна претставка или предлог.

„Фактичката ситуација покажува дека уште еден инструмент за обезбедување на јавност и транспарентност не бил искористен воопшто“, забележува извештајот.

Основен суд Тетово и Клиничката болница изјавиле дека имаат задолжено лица за постапување по овој закон, но Судот е единствена институција која во периодот од три години примила предлози и претставки, вкупно 54, и на сите одговорила.

Ниедна од институциите на својата интернет страница нема податоци за контакт за лицето кое постапува по претставки и предлози.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...