По написот на „Порталб.мк“, поставени столбови околу ОУ „Истикбал“ во Тетово (ФОТО)

Десетина дена откако „Порталб.мк“ информираше дека учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово секој ден се принудени да пешачат на улица бидејќи на тротоарите околу училиштето постојано има паркирани автомобили, Општина Тетово постави столбови за да се спречи паркирањето. Учениците на ОУ „Наим Фрашери“ и денеска продолжуваат да се движат по улица наместо по тротоар, пишува „Порталб.мк“.

Не само околу училиштата, туку и на други локации во Тетово повеќето тротоари се блокирани од несовесни возачи кои ги паркираат своите автомобили, со што се загрозуваат животите на граѓаните кои се принудени да пешачат по коловозите секој ден.

Потсетуваме, Општина Тетово вети дека идентични столбови за спречување на паркирањето на автомобили ќе постави и во ОУ „Наим Фрашери“ и „Кирил и Методиј“. Кај ОУ „Наим Фрашери“ столбовите сè уште не се поставени на тротоарот пред училиштето.

Во меѓувреме, пред ОУ „Кирил и Методиј“ беа поставени нови столбови за да се спречи паркирањето на автомобили, додека инфраструктурата во околните населби останува проблематична.

Во меѓувреме, од Секторот за внатрешни работи (СВР) информираа дека во последните три години има мало зголемување на бројот на пешаци кои биле повредени од возила, тоа се вкупно 308 пешаци за 4 години.

  • 2017 година – две жртви, 67 пешаци со полесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2018 година – една жртва, 72 пешаци со полесни телесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2019 година – две жртви, 74 пешаци со полесни повреди, 16 пешаци со тешки телесни повреди.

Инаку, состојбата со извршувањето кривични дела, односно нарушувањето на јавниот ред и мир во и околу училиштата од година во година се подобрува, велат податоците на Секторот за внатрешни работи. Во текот на 2013 година биле регистрирани вкупно 40 акти на нарушување на јавниот ред и мир во и околу училиштата, во 2018-2019 година имало вкупно 6 нарушувања на јавниот ред и мир, додека во 2020 година не е регистриран таков случај.