fbpx
Таг: онлајн настава

таг: онлајн настава

За само пет дена од учебната година, 53 ученици и 8 наставници се во изолација

Од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници, а во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, информираат од Министерството за образование и наука. „Шест од вкупно осум наставници не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Дополнително, сите наставници...

Како изгледа еден од часовите на платформата за учење на далечина: „Наставничке, некој ве мјутна“

Четири дена поминаа откако започна учебната година, во најголем дел преку националната платформа за учење на далечина. Предизвиците со кои се соочуваат учителите и учениците преку се секојдневни и бројни, но од она што досега може да се забележи е дека генерално, наставниците успеваат да се снајдат во целиот процес. Техничките пречки и проблеми се секојдневие во овој почетен период...

Својот ден учителите го поминаа со зголемени обврски, одговорности и стрес

Вчерашниот ден, 5 октомври, во 1994 година беше прогласен за Светски ден на учителите. Оттогаш, секоја година, на овој ден УНЕСКО и бројни други меѓународни организации лансираат разни кампањи чија цел е светот подобро да ја разбере улогата која наставниците ја имаат во развојот на студентите и општеството. Својот ден учителите годинава го одбележуваат на начин поинаков од порано. Некои...

Во среда во Тетово продолжуваат протестите на учениците против онлајн настава

Средношколците од општина Тетово од среда ќе продолжат со протести против онлајн наставата. Тие велат дека не се откажале од бојкотот на наставата и дека единствено барање им е настава со физичко присуство, пишува „Порталб.мк“. Следниот протест ќе се одржи во форма на марш, во среда, односно на 07.10.2020 година, тргнувајќи од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ до плоштадот „Илирија“. „Објавуваме дека...

МЗ: Учениците да ги почитуваат протоколите бидејќи епидемиолошката состојба е сериозна

Училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни, посочуваат од Мининстерството за здравство, по најавите на учениците дека ќе почнат да одат во...

Царовска: Најавата за бојкот на онлајн наставата е неодговорна

Најавувањето на бојкот или нарушувањето на протоколите во училиштата е неконструктивен начин на надминување на корона кризата. Сметам дека секој од нас е одговорен за јавното здравје. Ако некој директно и свесно го нарушува здравјето на другиот тоа е прекршување на Уставот, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на училиштата во општина Бутел, каде...

Вистиномер: Има разлика помеѓу 40 проценти и 40 илјади деца – постот е невистина

Наместо 40 илјади деца, постот де факто тврди дека 100 илјади деца нема да можат да следат онлајн настава, што не е точно, пишува Вистиномер. Пост објава на Фејсбук за онлајн наставата и вкупниот број деца што не можат да ја следат, зашто немале компјутери, е целосна невистина зашто станува збор за невистинити бројки, многу поголеми од реалноста. Во објавата се...

Ако се подобри ситуацијата со ковид-19, Сојузот на средношколци бара во ноември учениците да се вратат во училиштата

Од утре ќе започнеме со онлајн настава и ќе ја следиме епидемиолошката состојба во државата, ако е стабилна, тогаш од 1 ноември ќе бараме постепено да се вратиме во училиштата со комбиниран пристап, во спротивно ќе ја бојкотираме онлајн наставата, изјави Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци, на денешното свое излагање пред Министерството за образование и наука, непосредно...

МОН ја стави во функција онлајн платформата за учење www.schools.mk

Министерството за образование и наука (МОН) од полноќ ја стави во функција веб-страницата на единствената национална платформа за онлајн учење www.schools.mk. На платформата веќе се достапни упатства за регистрирање на платформата, за начинот на функционирање на Office 365 и Microsoft Teams, како и за подготовка на лекции, квизови, домашни задачи и родителски средби онлајн. На веб-страницата се достапни и видео...

Националната платформа ќе биде достапна на пет јазици со интерактивни видеа, квизови и тестови

Националната платформа ќе биде предизвик за сите, но уверена сум дека секој ќе го совлада работењето на неа и сите ќе ја засакаме истата. Таа е практична, лесна за користење и прилагодена за потребите на сите кои ќе ја користат. Вака на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска ја најави новата национална платформа за учење од далечина. „Наставата...

Истражување на Метаморфозис: Наставниците се соочуваат со повеќе проблеми во онлајн наставата

Ситуацијата со техничките помагала, пред сè лаптопи и компјутери, неопходни за одржување на задолжителната онлајн настава се главниот проблем кој се јавува и пред почетокот на новата учебна 2020/21 година. Речиси половина од учесниците (44,5 проценти) изјавиле дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Додека пак, наставниот кадар, во најголемиот број случаи (84,9 отсто), за службена комуникација...

Како мислите децата да ни седат сами дома додека ние работиме, прашуваат самохраните мајки

По денешната владина одлука, од 23 септември да се вратат на работа родителите кои изминативе шест месеци ја користеа мерката да бидат ослободени од одење на работа, реагираше Здружението на самохрани мајки „Една може!“. Оттаму истакнуваат дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а самохраните родители беа изоставени и за нив не беа...

Мила Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем (видео)

Последиците од пандемијата со ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата министерката за образование и наука...

Сојузот на средношколци најави дека ќе продолжи со активностите додека не им се прифатат сите барања

Од Сојузот на средношколци упатија потсетување до надлежните институции дека иако дел од нивните барања се исполнети, сепак остануваат уште две неисполнети. Како што велат тие, на многуте средби со владините претставници, станува јасно дека нивните барања стануваат сè повеќе прифатени од Владата, како на пример барањето учебната година да започне на 1 октомври. Изјавите на министерката за образование и...

По протестот на средношколците, министерката Царовска понуди комбиниран модел за настава (ГАЛЕРИЈА)

По одржувањето на вчерашниот протест на средношколците кои се против целосна онлајн настава, младите се сретнаа со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска, која на двата состаноци со учениците и родителите понуди комбиниран модел за настава. „Врвен приоритет е започнувањето на училишната година на први октомври, за што како Влада нудиме комбиниран модел за настава. Во училиштата каде...

Средношколците во понеделник на протест: „Комплексни проблеми не може да се решаваат со едноставни одговори“

Комбинирано или хибридно учење како најефикасен начин за настава во време на пандемија и децентрализиран пристап – секоја општина и училиште посебно да одлучат за најбезбедниот начин за одвивање на наставата, ќе бараат средношколците на протестот кој е закажан за во понеделник. Истиот ќе започне пред Министерството за образование и наука, а ќе заврши пред Влада, најавија организаторите од...

Учениците ќе вадат маска од лице само кога јадат, ќе чекаат ред за во тоалет, родителски средби нема да има

Владата денеска го усвои протоколот за физичка настава во основните и во средните училишта. Наставата во училиштата низ државата ќе започне на 1 октомври, а дотогаш училишните раководства треба да ги подготват објектите за да може непречено и безбедно да се реализира наставата. Здравствените и образовните власти одлучија наставата да се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето...

Сојузот на средношколци и Комисијата за заразни болести денеска дискутираа за спроведување на протоколите

На состанокот на Комисијата за заразни болести кој се одржа изутринава, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци на кој им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство. „На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за...

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат за моделот на наставата

Денеска премиерот Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, се сретнаа со делегација на Сојузот на средношколци, предводена од претседателот на сојузот, Бленди Ходаи. „Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со...

Онлајн наставата ќе биде проблем за Општина Карбинци, учениците од планинските места немаат компјутери

Додека тече расправата за тоа како да се одвива наставата од септември, податоците од руралната општина Карбинци покажуваат дека наставата со физичко присуство е алтернатива за училиштата. Дури, просторот за секој ученик е далеку поголем од тоа што пропишува протоколот, во одредени училишта во училницата ќе има одвај неколку ученици, а има и одделение со само еден ученик. Онлајн...

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...