Онлајн наставата ќе биде проблем за Општина Карбинци, учениците од планинските места немаат компјутери

-

Додека тече расправата за тоа како да се одвива наставата од септември, податоците од руралната општина Карбинци покажуваат дека наставата со физичко присуство е алтернатива за училиштата. Дури, просторот за секој ученик е далеку поголем од тоа што пропишува протоколот, во одредени училишта во училницата ќе има одвај неколку ученици, а има и одделение со само еден ученик. Онлајн наставата би создала дополнителна компликација, бидејќи поголем дел од учениците од планинските места немааат ниту компјутери, ниту стабилен интернет преку кои би се изведувала наставата.

Градоначалникот Јордан Насев како пример ја истакнува деветолетката во селото Крупиште. Во сите девет одделенија во оваа учебна година настава ќе посетуваат вкупно 21 ученик.

„Во втора смена, од прво до трето одделение, има девет ученици, додека во четврто се двајца. Во прва смена со настава од петто одделение има само шест ученици и тоа четири од петто до седмо одделение и двајца – по еден во осмо и во деветто одделение – вели Насев.

Во ова училиште наставата редовно е организирана и и покрај малиот број на ученици, училиштето се подготвува за новата учебна година. Речиси идентично е и во помалите подрачни училишта, со настава до петто одделение.

Во подплачковичките села, населени главно од Турци – Јуруци, во сите пет одделенија има по дваесетина ученици, додека во училиштето во Оџалија, има една празна училница, а во другата ќе учат пет ученици во комбинирана паралелка од прво до петто одделение.

Во централното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци учениците се превезуваат од сите околни села. Градоначалникот Насев вели дека превозот е специјализиран само за учениците и нема опасност од мешање со работници или редовни патници.

Сепак, каква ќе биде одлуката за изведување на наставата ќе зависи и од тоа што ќе одлучи Министерството за образование и наука, врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести.

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучери за инвертери

Денес пред салата „Борис Трајковски“ се формираа долги редици луѓе кои чекаа да си ги подигнат своите ваучери за инвертери, откако им стигнале пораки дека истите ќе можат да...