четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: проблеми | 59 резултати

Барањата за достоинствен менструален циклус во фокус во новата епизода на „Шорткат“

2 јуни 2022

Иако живееме во современо општество, за менструацијата која се смета за прв знак за плодноста или половата зрелост, кај нас сè уште владее стигма и се зборува во кодови кои се употребуваат уште од минатиот век. Милиони девојки и жени не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од […]

Национален младински совет на Македонија против „најавената деградација“ на Агенција за млади и спорт

1 јуни 2022

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Република Северна Македонија “изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа“, со која се предвидува спуштање на Агенцијата за млади и спорт (АМС) на пониско ниво. „Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и […]

Корисниците ширум Европа пријавуваат проблеми со Фејсбук Месинџер

10 декември 2020

Најпопуларните социјални мрежи Месинџер, Фејсбук и Инстаграм уште од утрово престанаа да функционираат за корисниците ширум Европа. Дел од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат на социјалните мрежи. Апликациите во сопственост на Фејсбук покажаа проблеми кон 9 часот изутринава, евидентира алатката DownDetector, која ги следи прекините […]

Патиштата со дупки и небезбедни, посетителите се жалат на инфраструктурата во Кањонот Матка

1 ноември 2020

Запоставена инфраструктура, несредени патишта со дупки, се дел од проблемите на кои наидуваат возилата и пешаците кои во слободно време сакаат да се рекреираат во Кањонот Матка, една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, но и во земјава и едно од најпосетуваните места од граѓани од земјава и од туристи, пишува Порталб.мк. Ваквите патишта претставуваат […]

Онлајн наставата ќе биде проблем за Општина Карбинци, учениците од планинските места немаат компјутери

14 август 2020

Додека тече расправата за тоа како да се одвива наставата од септември, податоците од руралната општина Карбинци покажуваат дека наставата со физичко присуство е алтернатива за училиштата. Дури, просторот за секој ученик е далеку поголем од тоа што пропишува протоколот, во одредени училишта во училницата ќе има одвај неколку ученици, а има и одделение со […]

Младинските организации бараат државата активно да ги вклучи во градењето младински политики

12 август 2020

Меѓународниот ден на младите, 12 август е ден кој е посветен на подигнување на свеста за младите. Обединетите нации овој ден го прогласува за ден на младите, препознавајќи ја нивната улога во подобрување на човековите права и слободи. По повод денот на младите, Мета.мк разговараше со неколку од младинските организации во државата. Тие се согласни […]

Се копаат нови бунари во атарот на Канатларци, жителите конечно ќе имаат доволно вода за пиење

16 јуни 2020

Повеќе од три децении над 2.000 жители на прилепското село Канатларци се соочуваат со континуиран недостиг на вода за пиење. Низ годините со свои средства изградиле локален водовод и сами стопанисувале, но сепак не успеале да ги решат проблемите со водата како елементарен услов за живот. Дареживоста од 2,5 литри вода во секунда на единствениот […]

Анкетата на СКМ покажа дека 65 отсто од компаниите имаат проблеми со ликвидноста

26 мај 2020

Податоците од неодамна спроведената анкета на Стопанската комора на Македонија, СКМ, меѓу македонските компании од сите големини и сектори, кои претставуваат годишни приходи од 1,5 милијарди евра, а во врска со очекувањата и ефектите од корона кризата, јасно покажуваат дека последиците за македонската економија нема да бидат занемарливи и тоа неминовно ќе се одрази и […]

Секој трет средношколец бил кај школскиот психолог поради недисциплина

20 декември 2019

„32,9 проценти од средношколците од Скопје, го посетиле или биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15 проценти заради голем број на изостаноци“, велат податоците произлезени од истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“ кое Здружението на граѓани „Младите можат“ го спроведе годинава. Токму овие податоци беа инспирација за панел дискусијата „Ќе […]

Проблеми со редовната исплата на субвенции за донесените туристи

2 октомври 2019

Долгите и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната нередовна исплата се едни од основните причини поради кои странските тур – оператори ја заобиколуваат нашата земја, реагираат од туристичкиот сектор. Странските тур – оператори не можат со месеци да бидат исплатени за субвенциите што се даваат за донесените туристи во Македонија. Асим Меџедовиќ, […]

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

9 април 2019

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје. Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на […]

Иднината ќе ја потврди исправноста на Договорот од Преспа, и порача МНР на Москва

15 јануари 2019

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) во реакција на вчерашното соопштение на руското МНР порача дека постапката за донесување на уставните измени во склад со Договорот од Преспа е со целосно почитување на предвидената собраниска процедура и Уставот на Република Македонија, и изрази жалење што Русија „во негативен контекст става автентични политички процеси во две […]

Дескоска најави целогодишна контрола на АКМИС-от во 16 судови

11 декември 2018

Министерката за правда Рената Дескоска соопшти дека донела решение со кое во текот на целата наредна година ќе се врши надзор на работењето на АКМИС системот во 16 судови. Проблемите со информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС), неговото нефункционирање и преголемото влијание на човечкиот фактор беа утврдени со извештајот на Работната група за […]

Автопатот Кичево – Охрид во сериозни проблеми, Кинезите поставуваат услови

12 март 2018

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека зголемувањето на бруто-домашниот производ од 3,2 проценти за оваа година може да се постигне со поттикнување на градежништвото, но не во проекти како „Скопје 2014“, туку преку изградба на инфраструктурата. Тој додаде дека градежништвото стагнира или е во минус, бидејќи се наследени проекти кои се штетни. – […]

Надминат проблемот со увозот на брашното од Србија, Љајиќ и Николовски постигнаа договор

7 март 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и српскиот  министер за трговија, Расим Љајиќ кој денеска беше на работен состанок во Скопје, потпишаа Договор согласно кој, за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. На […]

Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ

15 февруари 2018

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови – без никакво надворешно мешање. „Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено […]

Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се вистински пример за решавање на проблемите

17 јануари 2018

Бугарија и Македонија дадоа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Говорејќи за интеграциите во регионот, Борисов потенцираше дека ЕУ треба […]

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти

10 јануари 2018

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија. „По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели […]

Анкара забрани јавно спомнување на ЛГБТ-проблеми

19 ноември 2017

Во Анкара се забранети сите јавни прикажувања на филмови и изложби кои се однесуваат на проблемите на ЛГБТ-популацијата. Ова го соопшти канцеларијата на гувернерот на турската престолнина, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради јавна безбедност. „Почнувајќи од 18 ноември 2017 година, кината, театрите, панелите, интервјуата и изложбите во кои се спомнуваат ЛГБТ-проблеми се во иднина […]

По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

28 октомври 2017

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на […]

Страна 1 од 3