fbpx

Србија и Косово се договорија за регистерските таблички

-

После неколкучасовни преговори, синоќа во Брисел Србија и Косово конечно се разбраа за еден од најгорливите проблеми во последниов период – регистерските таблички, јави Радио телевизија на Србија (РТС).

Двете страни се договориле Белград да престане да издава српски таблички со имињата на градовите во Косово, а Приштина ќе сопре со спроведување на активностите и казнувањата на оние што немаат косовски таблички, соопшти еврокомесарот за надворешна политика Жозеп Борел.

Темата предизвика протести на косовските Срби од северот на Косово и излегување на нивните претставници од парламентот, владата и други органи.

Косовската власт, пак, пред отприлика еден месец, сакаше да „расчисти“ со српските регистерски таблички, кои ги смета за директно негирање на нејзините овластувања и најави казни.

Како што јави РТС од преминот „Јариње“, утрово припадниците на косовската полиција не врачуваат опомени за возилата со српски таблички.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, порача дека договорот што беше постигнат вчеравечер не е крај на процесот, туку почеток на работата и најави дека Борел наскоро ќе би повика лидерите од Белград и Приштина на нова средба во Брисел. Стано порача дека

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е задоволен од исходот на договорот во Брисел, како и од тоа што „е сочуван мирот за нашиот народ“. Нагласи дека останува уште да се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), како услов за враќање на Србите во косовските институции.

Договорот беше поздравен од САД. Џеф Ховениер, амбасадорот на САД во Приштина порача дека спогодбата на Белград и Приштина за регистерските таблички ја зголемува безбедноста и ги засилува напорите да се нормализираат односите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...