fbpx

Патиштата со дупки и небезбедни, посетителите се жалат на инфраструктурата во Кањонот Матка

-

Запоставена инфраструктура, несредени патишта со дупки, се дел од проблемите на кои наидуваат возилата и пешаците кои во слободно време сакаат да се рекреираат во Кањонот Матка, една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, но и во земјава и едно од најпосетуваните места од граѓани од земјава и од туристи, пишува Порталб.мк. Ваквите патишта претставуваат вистински предизвик и се небезбедни и за возилата и за пешаците, кои го користат истиот пат.
Порталб.мк анкетираше некои посетители кои ги сретна во ова туристичкото место, за тоа дали се задоволни од инфраструктурата што ја нуди Кањонот Матка.
„Жално е што едно толку атрактивно туристичко место како Матка е оставено на милост и немилост на судбината без никакви сериозни планови за инвестирање или каков било обид за подобрување на сегашната состојба во Кањонот Матка. Убеден сум дека многу други земји би дале сé за да имаат вакво место и би го претвориле во вистинска атракција за нивните граѓани и странците. Но, иако некој го поседува, тие не знаат како да управуваат со истото и не се во можност прво да имаат корист за себе, а потоа да им понудат на граѓаните добро место каде што можат да се рекреираат. Посакувам општинските власти, но исто така и оние на градот Скопје, да направат поголеми напори да ги подобрат условите во Матка, затоа што на жителите на Скопје, но и на странските туристи им треба место како Матка каде можат да излезат и да се рекреираат“, вели еден граѓанин.

Испитаниците изразија незадоволство и за проблемот со паркирањето на ова место
„Патиштата се уништени, тесни се, а има проблеми и со паркирањето. Ваков дар од природата не смее да се остави без инвестиции во инфраструктурата – особено патишта. Мора да се создадат услови за посетителите, бидејќи во недела, кога има посетители од странство, скопјанец кој ќе реши да замине малку подоцна, скоро е невозможно да стигне до туристичкото место! “, Изјави за Порталб.мк еден граѓанин,
„Толку убаво туристичко место како Матка, не ја заслужува инфраструктурата што ја има во моментов. Тесните патишта, со дупки се ноќна мора за туристите кои го посетуваат ова рекреативно место. Тие не се погодни ниту за пешачење ниту возење. Можеби ова е причината поради која ние често ја менуваме нашата дестинација, и наместо да одиме таму избираме да одиме на друго место. А, паркирањето е дополнителен проблем. Особено за време на викендите владее вистински хаос“, рече друг граѓанин.
Да потсетиме дека Кањонот Матка уште од 2004 година чека повторно да биде прогласен за заштитено подрачје споменик на природата.
Во меѓувреме, покрај лошата инфраструктура, во ова туристичко место продолжуваат да се појавуваат проблеми и се вршат незаконски активности, кои се спротивни на законот за заштита на природата.
Додека Кањонот Матка ги чека административните процедури за прогласување за заштитено подрачје, моторните чамци и понатаму се присутни во езерото, а тие се строго забранети според одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата. Исто така, и по поднесувањето две обвиненија од Јавното обвинителство во врска со нелегалните платформи, објектите сèуште „непоколебливо“ остануваат, додека узурпаторите немаат преземено никакви мерки за нивно отстранување.
Според одлуката објавена во Службен весник во мај 1994 година, која сè уште е во сила, во Кањонот кој е единствен природен резерват, не само што се забрануваат какви било градби и градежни активности, што би го нарушиле интегритетот и изгледот на овој споменик природно, туку е забрането и движење на посетители без претходна најава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...