fbpx

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

-

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје.

Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на функционалните водни заедници, веќе трета година со ред се повторува.

Ваквата состојба може да доведе до катастрофални последици за земјоделството во оваа општина. Градоначалникот истакна дека час поскоро мора да се оствари средба на водокорисниците со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Директорот на државното водостопанство.

За наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на Општина Дебрца надлежна е новоформираната подружница на АД Водостопанство, „Црн Дрим“, со седиште во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...