недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: компјутери | 24 резултати

Онлајн наставата ќе биде проблем за Општина Карбинци, учениците од планинските места немаат компјутери

август 14, 2020

Додека тече расправата за тоа како да се одвива наставата од септември, податоците од руралната општина Карбинци покажуваат дека наставата со физичко присуство е алтернатива за училиштата. Дури, просторот за секој ученик е далеку поголем од тоа што пропишува протоколот, во одредени училишта во училницата ќе има одвај неколку ученици, а има и одделение со […]

Општина Бутел започна акција за донирање на стари компјутери за социјално загрозените семејства

април 28, 2020

Општина Бутел започнува акција за донирање на стари компјутери за оние семејства каде што немаат компјутери, а е потребно за децата ученици. Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат персонални комјутери кои не ги користат или на кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во општината. […]

Инспекторат: Нема ни компјутери ни опрема, па нема ни настава по информатика во школите

мај 10, 2019

Поради нефункционалната информатичка технологија, наставниците не се во можност да реализираат ИКТ во наставата. Ова е констатирано во последниот извештај на просветните инспектори, кои дале и препорака училиштата да најдат начин како да го решат проблемот со поголема употреба на компјутери на часовите. Со оглед на тоа дека училиштата немаат можност самостојно да купат компјутерски […]

Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

февруари 7, 2019

Иако за „Мета“ неодамна заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, најави наследник на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Арбер Адеми денеска изјави дека тоа сепак нема да се случи. Во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците. – Не велам дека е лоша идејата за компјутери во […]

Дигитализирана настава бара инфраструктура, брз Интернет и план за одржување

декември 14, 2018

Опремата од проектот „Компјутер за секое дете“ од пред 11 години е речиси надвор од употреба. Во ера на дигитализација, нашите основци и средношколци на часовите се принудени да ги користат своите смартфони кои делумно „вршат“ работа, а наставниците неретко носат лаптопи од дома за да можат да ја усвојат материјата предвидена со програмата. Некои […]

Новиот „компјутер за секое дете“ да оди во фази и со добра инфраструктура, велат експертите

декември 6, 2018

Проектот за набавка на нови компјутери во училиштата и дигитализацијата на наставата, мора убаво да се осмисли пред да се изведе, советува проф. д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари и Раководител на Институтот за интелигентни системи при Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ). Ова следи по објавата на „Мета“ за најавата […]

Државата подготвува нов проект „Компјутер за секое дете“ и дигитализирање на наставата

ноември 21, 2018

Министерството за образование подготвува наследник на проектот „Компјутер за секое дете“. Ова за „Мета“ го најавува заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов кој вели дека наставната програма неопходно е да се дигитализира, со што ќе им се овозможи на учениците да се образоваат од современи помагала. – Тоа е една голема промена која ќе […]

Ако родителите сами ги купуваа учебниците, ќе пазеа што пишуваат децата врз нив

септември 7, 2018

Нови учебници кои во настава се користат само една година, на крајот се веќе цели парталави. Библиотекарите со кои разговаравме, сметаат дека свеста кај родителите и децата за грижата за бесплатните книги е многу ниска, иако за лошата состојба удел има и фактот дека добар дел од нив, не се изработени квалитетно. Тие се одговорни […]

Ласовска: Ако се грижи за студентите, СДСМ да гласа за ваучери за компјутери

август 3, 2017

Пратеничката Благица Ласовска денеска на прес-конференција ја повика власта да го прифати вчера презентираниот предлог-закон за ваучери за компјутери за студенти, ако навистина ги става во преден план потребите на студентите. Таа образложи дека ваучерите би се издавале на редовните студенти од семејства во кои месечните приходите не го надминуваат износот од две просечни месечни […]

Влада: Блокираниот пристап до одредени веб-страници е внатрешна саботажа

јули 7, 2017

Владата на Република Македонија издаде соопштение во кое вели дека блокираниот пристап кај некои компјутери во зградата на Владата до некои од опозициските веб-страници е резултат на внатрешна саботажа и не станува збор за политика на Владата. Во соопштението се вели дека пристапот бил блокиран на одреден дел компјутери и дека се врши истрага за […]

САД ја укинаа забраната за внесување електронски уреди на летовите од Турција

јули 5, 2017

Тримесечната забрана за внесување електронски уреди на летовите од Турција кон САД е укината денеска, јави приватната турска новинска агенција „Доган“. Како што јавува агенцијата, турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ утринава примил патници со електронски уреди на летот од Истанбул за Њујорк. САД претходно ја укинаа забраната за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди за патниците на авиокомпанијата […]

И Австралија сака да забрани електронски уреди во патничките авиони

мај 17, 2017

Премиерот на Австралија, Малком Турнбул, денеска соопшти дека неговата земјата размислува за воведување забрана за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди во кабините за патници во авионите, но не откри кога би стапила на сила. Турнбул не сакал да објасни дали одлуката за забрана за внесување електронски уреди во патничките кабини на авионите е поврзана со терористичките […]

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

мај 14, 2017

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади. Вирусот е од категоријата „рансомвер“, што значи дека ги заклучува сите документи на заразените […]

Украдени 24 монитори од училиште во гостиварски Вруток

април 19, 2017

Во основното училиште „Лирија“ во село Вруток, Гостиварско, украдени се 24 компјутерски монитори. Тешката кражба се случила во периодот од 14 до 18 овој месец. Крадците во училиштето влегле преку необезбедениот сутерен на објектот, а потоа насилно ги отвориле вратите од двете училници на приземјето и одзеле 24 компјутерски монитори, откако ги пресекле сите кабли […]

Компјутерската безбедност, сериозен предизвик за секоја држава

октомври 20, 2015

Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е добитник на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај. Ова беше соопштено денеска во Охрид, на почетокот на дводневната регионална конференција на 12 земји-членки на Центарот […]

Украдени компјутери од училиште во Скопје

јули 7, 2015

Десет куќишта од компјутери и два преносни компјутери минатата недела биле укардени од основно училиште во Скопје. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила меѓу петокот и саботата минатата недела, во основното училиште „Лирија“ на улицата Цветан Димов. Компјутерите биле украдени од кабинетите по историја и по биологија, а нивната вредност е проценета на околу […]

Украдени компјутери од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

април 15, 2015

Вчераутро во полициската станица Центар била пријавена кражба во административните простории на Државниот универзитет за информатички науки „Свети Апостол Павле“ – Охрид, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 14 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, успеал да провали во просториите на Универзитетот, од каде однел […]

Украдени 15 компјутери од основно училиште во Бутел

април 3, 2015

Петнаесет компјутери завчера се украдени од скопското ОУ„Панајот Гиновски“, соопшти полицијата. Кражбата е извршена во периодот од 20 до 6.30 часот, кога непознат сторител, со употреба на погоден предмет, го обил прозорецот од училницата за одделенска настава, влегол внатре и по извршеното пребарување, одзел 15 компјутери. Како што соопштува МВР, вредноста на украдените предмети се проценува […]

Украдени компјутери и опрема од три скопски училишта

март 24, 2015

Изминатите неколку дена, непознати сторители од три основни училишта во Скопје украле компјутери и компјутерска опрема, информира полицијата. Како што информираат оттаму, во деновите околу викендот, непознат сторител со употреба на погоден алат провалил во основото училиште „Панајот Гиновски“, на улицата Ферид Бајрам, и украл пет мини-компјутери. Во истиот период, кражба на печатач и на други […]

„Сим сити 2000“ отсега бесплатно

декември 11, 2014

Компаниите „Максис“ и „ЕА“ одлучија пријатно да ги изненадат сите љубители на компјутерската игра „сим“ и да ја понудат бесплатно. „Сим сити“ повеќе не е на добар глас поради постојаното рестартирање на франшизата од 2013 година. Освен што играта беше преполна со грешки и со проблеми, потребна беше и постојана интернет-конекција. Така, доколку немавте пристап […]

Страна 1 од 1