fbpx
Таг: онлајн настава

таг: онлајн настава

Хелсиншки комитет: Надлежните мора итно да создадат услови за образование и за децата со попреченост

Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје апелира до сите релевантни институции, кои одлучуваат за начинот на работа на училиштата во новата учебна година, да ги земат предвид и потребите на децата со попреченост, односно да обезбедат соодветни услови за нивно непречено вклучување во образовниот процес. „Уште со почетокот на пандемијата на ковид-19, децата со посебни образовни потреби, а особено децата...

Мајкрософт го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ како успешен пример за премин од физичко во онлајн учење

Со реализирани 100.000 часа аудио настава, 50.000 часа видео настава и 11.000 онлајн предавања, Универзитетот „Гоце Делчев“ е единствената високообразовна институција од земјава која Мајкрософт ја издвои како успешен пример за премин од физичко во учење на далечина во време на пандемијата со корона вирусот. „Со 15 факултети и преку 9.000 студенти УГД е еден од најдобрите универзитети во Северна...

За наставниот час да трае 30 минути наместо 40, треба да се менуваат законите за основно и средно образование

Ако треба наставниот час од септември да трае 30 минути наместо 40, за тоа треба да има измени на законите за основно и за средно образование, а за да има измени, треба да има Собрание, вели за „Мета“ Александар Стојанов, в.д директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, по денешната средба на членовите...

Освен за првачињата, наставата да се одвива онлајн предлага Комисијата за заразни болести

Сè уште нема конечен одговор како ќе се одвива наставата од први септември. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разгледуваа протоколите за работа на училиштата, а веќе за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките. „Став на Комисијата за...

Уште се чека мислењето на Комисијата за заразни болести за наставата од 1 септември

Новата учебна година ќе започне со физичко присуство во училница, а има варијанта истата да започне и како комбинација од физичко присуство на децата во помали групи и онлајн настава. Трета опција е целосно наставата да се изведува од дома, преку компјутер. Ваква одлука донеле надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), која денеска се најде пред членовите на...

Реактор: Мнозинството директори на училишта, наставници и родители се за настава во училница

Мнозинството анкетирани директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и учење на далечина. Ова се мислењата засновани на прелиминарните резултати од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ реализирано од страна на Министерството за образование и...

Родители бараат онлајн настава, МОН децидни – од септември ќе се учи во училница

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на групата на Фејсбук, која брои околу 3.500 членови, а која деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата учебна година. Многумина родители најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи како што велат, здравјето им е приоритет. Сепак, и покрај барањата наставата да се изведува...

Додека се чека последниот збор на МОН и Комисијата за заразни болести, факултетите се подготвуваат за академската година

Се ближи испитната сесија на факултетите низ земјава, а на прагот е и новата академска година. Поради појавата на корона вирусот, претходниот семестар и јунската испитна сесија се одвиваа под корона услови со онлајн испити. Процесот заврши со низа критики и анегдоти, а на површина излегоа недостатоците на образовниот систем. Студенскиот лидер на УКИМ, Борјан Ефтимов вели дека во моментов...

Во средното образование не се овозможија услови за квалитетно спроведување на далечинска настава

Во 64 отсто од случаите, ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот) или воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата. Ова се дел од наодите на националното истражување за спроведувањето на далечинската...

Учебната година заврши надвор од училишните клупи поради пандемијата со ковид-19

Денеска формално заврши учебната година за основците и средношколците, овој пат во вонредни услови и надвор од училишните клупи. Пандемијата со корона вирусот ги затвори училиштата на 11 март, а оттогаш па наваму образовниот процес се одвиваше онлајн. По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот за образование и наука, Арбер Адеми им честиташе на учениците за постигнатиот успех и...

Завршната оценка зависи од целогодишниот труд, не само од онлајн наставата, велат наставниците

Корона вирусот и вонредните мерки за заштита и негово спречување не го променија датумот за крај на учебната година. Ќе заврши на 10 јуни како што беше пракса во минатото и пред пандемијата. Со затворањето на училиштата, настава се пренесе во домашни услови и до крајот на учебната година ќе се одвива на тој начин. Набрзо откако се соопшти...

Комфорна атмосфера и видео снимки од онлајн наставата дел од предностите на далечинското учење

Студентите се согласни дека учењето од дома освен недостатоци, има и предности. На овој начин, тие се заштитуваат себе и своите блиски, а воедно имаат повеќе време за подготовката околу испитите. Се чини дека ако едната половина од нив се прилагодува на условите, останатите се справуваат со несоодветната комуникација што пробуваат да ја остварат со професорите. Студентот на Факултет за...

Онлајн наставата има предности, но на студентите им недостасува интеракцијата за време на предавањата

Пред два месеци владата донесе уредба со која го прекина воспитно-образовниот процес со цел да го спречи ширењето на корона вирусот. Оттогаш наваму наставата се одржува преку учење од далечина, односно преку онлајн платформи. Со најавувањето на оваа мерка, беше јасно дека престојниот период ќе биде предизвик за сите вклучени во образовниот процес. Студентите што Мета ги контакираше велат...

Онлајн наставата предизвик за студентите на Факултетот за ликовни уметности

Фото: ФЛУ
Поради ковид-19 пандемијата, со вонредните услови се затворија училиштата, но и сите факултети. Наставата која се одвива од дома преку електронски пат, професорите и студентите ги стави во ситуација во која се приморани да се прилагодат на новиот начин на кој се одвива образовниот процес. Овој предизвик се чини дека најмногу ги погоди оние кои студираат на факултетите, каде...

Mатурантите наместо државна матура ќе полагаат квалификационен испит

Многу е извесно дека матурантите годинава нема да полагаат државна матура заради вонредната состојба, која во нормални услови беше услов за упис на факултет. Годинава, матурантите наместо матура, ќе полагаат само квалификационен тест, и тоа само на оние факултети на кои има поголема конкуренција и на кои ќе има кандидати со ист број на поени. Министерот за образование и наука...

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (2)

Секој наставник во државава, наоѓа најразлични начини да ја предаде материјата предвидена со наставната програма. Во услови на вонредна состојба, кога лекции не се предаваат во училница, наставниците се принудени да комуницираат онлајн со нивните ученици. Има наставници кои само испраќаат што треба да се учи за цела недела и потоа чекаат домашни задачи од децата на мејл, а има...

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (1)

Пандемијата на корона вирусот затвори милиони ученици и студенти ширум светот во своите домови. Тие се принудени и да учат од дома зашто немаат друга опција, а тоа е нешто што е предизвик не само за нашиот образовен систем, туку и за системите во далеку поразвиените земји. Многу детски и дневни соби, па и трпезарии периодов се претворени во мини...

МОН објави упатство за оценување на учениците

Бирото за развој на образованието во соработка со Центарот за стручно образование и обука изготви упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на реализација на настава преку далечинско учење, односно учење од дома. Во упатството наведени се техники и методи погодни за формативно оценување на напредокот на учениците со користење на електронски платформи и мрежи. Тоа...

Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој не кажа прецизно како ќе се изведе оценувањето...

Од понеделник сите факултети и студенти на онлајн настава, бара Адеми

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование и...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...