Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој не кажа прецизно како ќе се изведе оценувањето на учениците, а најави дека од утре ќе биде во функција т.н. е-училница, за која државата зела идеја и искуство од Хрватска.

– Веќе се применуваат бесплатни дигитални платформи и апликации за учење од дома. Дополнително има и т.н. тв-училница која се емитува на МТВ. За учениците од прво до деветто одделение, секоја лекција се одвојуваат по 15 минути. За децата од претшколска воззраст има приказни соодветни на возраста. Последната мерка која ја усвоивме е да организираат далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Секоја установа ќе си одлучи какви средства ќе користи дали платформи, дали електронска пошта. Наставниците ќе реализираат настава, тестирња, проверки и објективно ќе го оценуваат знаењето на учениците. Фкултетите веќе применуваат онлајн настава – рече Адеми.

Најново е воведувањето на прва национална платформа за далечинско учење.

– Се работи за веб платгформа е-училница која ќе биде достапна од утре. Таа е практично применлива и ефективна. Во Хрватска веќе се применува. Предвидено е да има видео лекции, а ќе има можност и за разработка на методски единици за сите одделенија за сите предмети. Наставници се пријавуваат да предаваат лекции по предмети. Предаваат снимајќи се во домашни услови и потоа видеото откако ќе се провери, дека содржински е во ред, ќе биде објавено на платформата. Очекуваме да се пријавуваат наставници. Очекуваме и проактивност од учениците во овие вонредни активности. Линкот е www.eduino.gov.mk– рече Адеми.

Тој повика да се доставуваат конструктивни сугестии и забелешки, за да се подобри функционалноста на платформата.

Признава дека овој начин на организирње на наставата има проблеми. Според информациите кои ги имал, целата територија на Македонија е покриена со Интернет.

– Мислам дека добар дел особено студентите имаат ИТ уреди и кога зборуваме за длечинско учење, не мислиме на посебни ИТ уреди, но дека наставата која се нуди преку различни платформи, таа може да се следи преку смарт уреди или телефони и мислам дека не би имале некој огромен проблем во овој дел. Најголемиот предизвик е кај ученциите, особено кај оние на помала возраст. Не сите ученици имаат ИТ уред или знаат да ракуваат. Дополнитеен предизвик е дали ќе се сконцентрирани цело време. Замолувам за разбирање- рече министерот.

Во врска со начинот на оценување на учениците во основните и во средните училишта, Адеми не откри ништо. Бирото за развој на образованиетоподготвува упатство за тоа како ќе се оценат годинава основците и средношколците.