четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Арбер Адеми | 39 резултати

Ако има едно дете позитивно на ковид-19 во одделението, епидемиолог ќе одлучи дали цело одделение ќе оди во карантин

август 18, 2020

Наставата од претстојната учебна година, планирано да започне да се изведува онлајн, а родителите на децата од прво до трето одделение ќе имаат право на избор, дали да ги пуштат на училиште со физико присуство, или и тие да ги следат часовите од дома. За ова информираа на прес-конференција министрите за здравство и за образование […]

За наставниот час да трае 30 минути наместо 40, треба да се менуваат законите за основно и средно образование

август 12, 2020

Ако треба наставниот час од септември да трае 30 минути наместо 40, за тоа треба да има измени на законите за основно и за средно образование, а за да има измени, треба да има Собрание, вели за „Мета“ Александар Стојанов, в.д директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, по […]

И министерот Арбер Адеми информираше дека е позитивен на корона вирус

јули 23, 2020

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми преку објава на Фејсбук информираше дека е позитивен на корона вирус откако се тестирал. „Сакам да ве информирам дека откако имав полесни симптоми и сомнежи дека можеби сум заразен со ковид-19, направив тест кој за жал е позитивен“ напиша министерот Арбер Адеми на својот Фејсбук профил. Адеми апелира […]

Mладите од политички партии со различни идеи за образованието, не се одзваа на поканата на УСМ

јули 11, 2020

Унијата на средношколци разговараа со учениците, ги истражуваа проблемите на училиштата и наставниците за конечно да дојдат до документот „Пет точки за образованието“ со единствена цел, истиот да биде потпишан од политичките партии кои учествуваат на изборите, а потоа да се имплементираат. Тие заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар ги чекаа партиите во Скопје за да […]

Осум години празни ветувања за изградба на основно училиште во Мала Речица

јуни 28, 2020

Цели осум години беше ветувано, а договорот е потпишан само пред еден месец, додека работите за изградба на основното училиште во Мала Речица сè уште не се ниту почнати. Во договорот јасно стои дека работите треба да бидат завршени во рок од 11 месеци од денот кога ќе започнат, меѓутоа тој ден не е прецизиран. […]

Владата ќе обезбеди ваучери за млади до 29 години за дигитални вештини

јуни 18, 2020

Владата ќе доделува ваучери на млади лица до 29 години за обуки за дигитални вештини, ова го соопштија министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција. Предвидено е финансирање обуки од најосновни до напредни дигитални вештини, со цел да им се помогне на младите […]

Завршната оценка зависи од целогодишниот труд, не само од онлајн наставата, велат наставниците

мај 22, 2020

Корона вирусот и вонредните мерки за заштита и негово спречување не го променија датумот за крај на учебната година. Ќе заврши на 10 јуни како што беше пракса во минатото и пред пандемијата. Со затворањето на училиштата, настава се пренесе во домашни услови и до крајот на учебната година ќе се одвива на тој начин. […]

Адеми: Парична помош за младите, наставниците да оценуваат исто како во училница

мај 20, 2020

Владата во рамки на третиот пакет економски мерки, за директна поддршка на младите лица, предвиде доделување три типа ваучери за средношколци, студенти и за млади лица до 29 години, најави на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Оваа мерка се очекува да им помогне и да им ја олесни состојбата во која се […]

Mатурантите наместо државна матура ќе полагаат квалификационен испит

април 29, 2020

Многу е извесно дека матурантите годинава нема да полагаат државна матура заради вонредната состојба, која во нормални услови беше услов за упис на факултет. Годинава, матурантите наместо матура, ќе полагаат само квалификационен тест, и тоа само на оние факултети на кои има поголема конкуренција и на кои ќе има кандидати со ист број на поени. […]

Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

март 24, 2020

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој не кажа прецизно како […]

Од понеделник сите факултети и студенти на онлајн настава, бара Адеми

март 19, 2020

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во […]

Адеми: Користете неформална едукација додека трае кризниот период

март 18, 2020

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска на прес-конференција заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја посочи оваа локална самоуправа и училиштата под нејзина надлежност за пример кој треба да се следи од аспект на тоа како може да продолжи едукацијата на учениците додека училиштата се затворени. „Образовните установи да изнајдат начини […]

Седум студентски домови ќе штедат енергија и помалку ќе загадуваат од греењето

декември 19, 2019

24,8 милиони евра ќе се инвестираат во Проектот за енергетска ефикасност на македонските студентски домови. Со претстојниот зафат ќе се изврши промена на крововите, прозорците и вратите, изведба на нова фасада, поставување на нови грејни тела и промена на електричната инсталација во седум студентски домови низ земјава. Станува збор за кредит во висина од 20 […]

Aдеми: Резултатите од ПИСА треба да нѐ радуваат, но и да нѐ мотивираат

декември 3, 2019

Учениците од Северна Македонија постигнаа исклучителен напредок во резултатите помеѓу двете последни ПИСА тестирања, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми, по објавата на резултатите според кои државава се најде во последните 10 на ранг-листата од вкупно 77 држави, во читање со разбирање. Со меѓународната студија освен јазичната писменост кај учениците, се проверуваа […]

Тимот „Слободно крило“ победи на средношколскиот натпревар за претприемнички вештини

ноември 27, 2019

Средношколците Мартина Нанева, Петар Цековски, Анастасија Накова и Јана Манова од тимот „Слободно крило“ го освоија првото место на Кампот на иновации – натпревар на средношколци во претприемнички вештини што се одржа вчера. Настанот се организираше од Џуниор Ачивмент Македонија, во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и со поддршка на УСАИД.   Победничкото решение на […]

Јавноста „бомбардирана“ од лажни вести, најмногу ги има на Интернет

ноември 7, 2019

Актуелната состојба со ширењето лажни вести во земјава е сериозна, што треба да влијае на преземање мерки за справување со ваквиот проблем. Воведувањето на  медиумската писменост во образовниот процес во земјава е една од мерките што треба да се преземат, беше споменато на денешната јавна дискусија на тема „Вклучувањето на медиумската писменост во образованието“. Министерот […]

Книгите од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови“ и натаму скапуваат во магацините

јули 11, 2019

Помина една година откако „Порталб.мк“ откри дека илјадници книги од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови од странски автори“ се наоѓаат во магацините на Министерството за образование и наука во Гостивар. Истата судбина ја имаат и книгите финансирани од Министерството за култура. Иако власта вети дека книгите ќе се дистрибуираат по институции, и […]

Објавени резултатите од државната матура, просечните оценки подобри од ланските

јули 4, 2019

Резултатите од државната матура денеска се објавени, а просечните оценки година се со благ пораст во однос на минатата година, рече министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес конференција. – Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос од минатите години. Просечната оценка годинава е 3,47. За неколку предмети има подобрување на просечната оценка, […]

Адеми: Не градоначалниците, туку наставниците ќе ги избираат директорите

јуни 19, 2019

Новиот закон за основно образование носи промена во начинот на избор на директорите на училиштата. Тоа денеска во Штип го најави министерот за образование и наука Арбер Адеми, нарекувајќи го новиот систем „департизација на училиштата“. За тоа кој ќе биде новиот менаџер во училиштата, според предлог-законот, ќе одлучуваат наставниците. -Во делот на деполитизација и департизација […]

Нема кратење на бројот на часови – нашите деца учат 1,5 година помалку од оние во земјите на ОЕЦД 

јуни 5, 2019

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку. Ова го истакна министерот Арбер Адеми на прес конференција, информирајќи за новините во Законот за […]

Страна 1 од 2