fbpx

Mатурантите наместо државна матура ќе полагаат квалификационен испит

-

Многу е извесно дека матурантите годинава нема да полагаат државна матура заради вонредната состојба, која во нормални услови беше услов за упис на факултет. Годинава, матурантите наместо матура, ќе полагаат само квалификационен тест, и тоа само на оние факултети на кои има поголема конкуренција и на кои ќе има кандидати со ист број на поени.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција денес истакна дека и уписите на првачиња годинава наместо од мај, ќе започнат во јуни.

– Уписите на првачиња кои вообичаено започнуваат во мај и се реализираат до септември, годинава ќе започнат во јуни заради вонредната состојба. Работиме на утврдување на конкретен образовен план со сет мерки што ќе се преземат во следниот период. Една од мерките е и пролонгирање на уписот на првачињата. Родителите меѓудругото при упис треба да имаат и потврда од стоматолог, која сега не можат да ја обезбедат – рече Адеми.

Деновиве, додаде, ќе има конечна одлука за полагањето на државна матура.

– Има две опции, да се полага матура во јуни или да се укине оваа обврска годинава. Но, тоа што е веќе подготвено и што ќе се разгледува на седница, се конретни мерки што треба да се преземат во наредниот период. Кога би се укинало полагањето годинава, би требало да се организираат квалификациони испити на тие студиски програми каде што има конкуренција или каде што повеќе матуранти ќе имаат ист број на бодови. Само во вакви ситуации би се одржал квалификационен испит. На факултетите, и без вонредна состојба, на дел од нив се организираат вакви испити, на пример на Факултетот за Драмски уметности, на Архитектонскиот факултет и сметам дека не би имало проблем – информира Адеми.

Вкупно 30.000 ученици добиле картички за мобилен интернет со 10 гигабајти месечно, а во исто време се помага децата кои се од социјално загрозени семејства, на тој начин што им се обезбедува уред за да можат да следат он-лајн настава.

– Заедно со општините обезбедуваме лаптопи, таблети и телефони. Ова го правиме за да можат децата, како останатите нивни врсници да ја заокружат учебната година. Инаку, во целата оваа вонредна состојба, на почетокот прекинот на наставата траеше само неколку дена, па продолжи да се реализира од дома, на поинаков начин. Има едукативна програма на МТВ, која и денес трае и има висока гледаност. Годината нма да се повторува од септември што е од големо значење за сите. Ова беше најдобрата опција кога немавме друга алтернатива – додаде министерот.

Тој кажа дека барале информации за тоа, колку деца во државата немаат ИТ уред, но бројките што ги добиле биле нереални, затоа што цели класови се изјасниле дека немаат ИТ уред или смартфон или таблет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...