fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Мерките за заштита на граѓаните од загадениот воздух во Тетово, Куманово и Кавадарци престануваат да важат

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на 30 ноември среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат...

Комисијата не предложи нови мерки, во изминатото деноноќие хоспитализирани 28 ковид-пациенти

Комисијата за заштита од заразни болести денеска одржа состанок со членовите, на кој не беа предложени нови рестриктивни мерки и препораки за заштита од ковид-19. Ова значи дека засега останува да се почитуваат мерките кои се веќе на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, забраната за групирање повеќе од четири лица во текот...

Владата донесе одлука за скратено работно време на угостителските објекти до 21 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во...

Министерот за внатрешни работи Спасовски позитивен на ковид-19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19. „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе...

Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка носење на сите мерки

Министерот за здравство Венко Филипче изрази загриженост поради состојбата со ковид-19 и уште еднаш апелираше итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. „Регистрираме рекордни 30 проценти позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот...

Владата утврди неколку закони за финансиска помош и даночни олеснувања за компаниите

На 14. седница на Владата утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. „Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата...

Продолжуваат препукувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Комисијата за заразни болести, на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска преку партиски соопштенија се препукуваат во врска со Комисијата за заштита од заразни болести, но на штета на граѓаните бидејќи корона вирусот се шири со голема брзина, а гласањето за мерките за заштита во Собранието се одлоговлече до 27 октомври. За опозициската партија, Комисијата нема кредибилитет и не може да се справи со корона кризата,...

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат. „Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на...

Развојна банка: Последен ден за барање за продолжување на грејс-периодот за „Ковид1“ кредитите

Повикот за поднесување барање до Развојна банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“ трае до денеска, 14 октомври до 23:59 часот, информираат од банката. „Повикот е достапен на веб страницата на Развојна банка од каде што може да го преземете барањетo. Најбрз начин како може да го доставите барањето до...

Филипче: Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека доколку мерките за заштита од ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. Тој додаде дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат без медицинска нега. „Искрено верувам дека предложените мерки...

Филипче: Мерките мора да се почитуваат, нема да дозволам да нема кревети за лечење

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека со вчерашната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран. „Иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам...

Инспекторите добиваат поголеми овластувања за да се справат со прекршителите на протоколите за ковид-19

На денешната владина седница ги усвоивме предлог-измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциските служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите, информираше заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на неговиот фејсбук-профил. „Законските измени се однесуваат на Државниот...

Сојузот на стопански комори до Владата предложи 25 мерки за спас на компаниите

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка. Од таму информираат дека економските мерки се базирани на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици, од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди...

Министри и експерти разговараа за економските предизвици и новите антикризни мерки

Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која присуствуваа...

ССК од Владата побара нов сет на мерки за спас на економијата

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на денешната официјална средба со премиерот и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување. Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска на средбата со премиерот Зоран Заев  истакна дека најпрво е потребна...

Филипче: Есента носи ризици вирусот покажа дека е непредвидлив, да бидеме уште повнимателни

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-обраќање истакна дека светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19 е најголемата во последните 100 години. Истовреме, потсети тој, поминаа шест месеци откога се регистрира првиот случај во нашата земја. „Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници...

Филипче: Новозаболени од Ковид-19 во Охрид и Скопје од прослави, иако се забранети

Имаме нови кластери и за жал, морам да констатирам дека имаме непочитување на мерките. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а тоа е нешто што апсолутно нема логика. Имаме граѓани кои се собираат, иако е тоа забрането. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането, не може други собири да се прават ако е забрането да...

Карантинот и полицискиот час спречиле три милиони жртви од коронавирусот во 11 европски земји

Строгите мерки за карантин и полициски час овозможиле да се намали преносот на ковид-19 и да се спречат три милиони смртни случаи во 11 европските држави, покажува новата студија на „Империјал колеџот“ во Лондон, чии што научници се советници во британската влада за справување со вирусот, објави „Ал Џезира“. Истражувањето покажало дека со седењето дома, ширењето на вирусот се ставило...

ССК: Многу сектори делумно работат, финансиската поддршка да продолжи со нови економски мерки

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) апелира на широка консултација и засилување на дијалогот со релевантните институции со цел економските мерки да имаат позитивен ефект врз реалниот сектор и да бидат реално применливи. „Во услови на здравствено - економска криза, претпријатијата се соочуваат со предизвик за нивен опстанок, а економијата бележи стрмоглав пад.  Особено на удар се претприемачите, малите...

МОТ и ЕБОР: Поради короната се загубени работни часови колку 85.550 работни места со полно работно време

Македонија воведе одредени рестрикции за да се спречи ширењето на корона вирусот и досега успеа да го ограничи бројот на смртни случаи на 116 од 2.039 регистрирани случаи на заболени. Но, истовремено, мерките што ги презеде Владата тешко ја погодија економијата. Ова го констатира работната група на Меѓународната организација на трудот, МОТ, и на Европската банка за обнова и...

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде...