fbpx

Развојна банка: Последен ден за барање за продолжување на грејс-периодот за „Ковид1“ кредитите

-

Повикот за поднесување барање до Развојна банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“ трае до денеска, 14 октомври до 23:59 часот, информираат од банката.

„Повикот е достапен на веб страницата на Развојна банка од каде што може да го преземете барањетo. Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на мејлот [email protected] ,“ се вели во соопштението.

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки кои ги спроведува Владата и нуди можност за кредитокорисниците на „Ковид1“ бескаматната кредитна линија да го продолжат грејс периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци.

Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77 отсто се микро компании кои вработуваат до 10 лица, 21 отсто се мали компании кои вработуаат до 50 лица и два отсто се компании со средна големина кои вработуваат до 250 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...