fbpx

ВМРО-ДПМНЕ протестираше во три града против поскапувањето на струјата и „политичкиот прогон“ (Галерија)

-

ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше протести во три градови во Македонија, во Скопје, Охрид и Прилеп. Во најновиот протест, кој се одржа со колони автомобили, поради ковид-19 кризата, партијата и нејзините поддржувачи, како и во изминативе неполни два месеца побараа да се врати старата цена на струјата и да се разрешат членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во Скопје колоната колоната тргна од СЦ Јане Сандански во Аеродром и заврши пред Регулаторна комисија. И во Охрид се протестираше со автомобили, а освен повиците за враќање на старата цена на струјата, членовите на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Охридското Езеро безмилосно се празни за производство на електрична енергија, која потоа се продава. Обвинија дека со новите цени на струјата дополнително се осиромашуваат охриѓани, кои се многу погодени од тоа што речиси и немаше туристичка сезона.

По прилепските улици, пак, ВМРО-ДПМНЕ освен против покачувањето на цената на струјата, протестираше и против „политичкиот прогон и партискиот реваншизам“, потенцирајќи го Јане Ченто, осуден за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. „Правда за уставобранителите“, „Правда за Јане Ченто“ беа пораките што ги испратија прилепчани на вчерашниот протест.

Ваквите протести најголемата опозициска партија ги организира веќе втор месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...