Владата најавува јавно-приватно партнерство за реформи во Пошта, Железници и други државни загубари

-

Владата најавува реформи во државните загубари, кои преку јавно-приватно партнерство или приватизација би го надминале проблемот со натрупување на загуби во нивното работење. Владата на вчерашната седница го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување на пратениците.

„Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ“, се наведува во владиното соопштение.

Премиерот Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање изјави дека Национални пошти не се единствени за кои се бара приватен партнер, туку и за неколку други јавни претпријатија во државна сопственост.

„Многу институции самите се за јавно-приватно партнерство, бидејќи не можат да се борат со отворените пазари. Такви примери има многу во Словенија, Австрија, Полска, Германија итн. Тоа е потребно за да имаме квалитетен поштенски сообраќај. Истото може да се случи со ТЕЦ Неготино, Македонски Железници, Еврокомпозит, Колска Велес. Тоа ќе биде една од преокупациите на Владата во следниот период“, изјави премиерот Заев.

Дел од овие компании, како што се Колска од Велес или Еврокомпозит од Прилеп имаат огромни проблеми со пронаоѓање на зделки за непречено работење, додека вработените често штрајкуваат за решавање на проблемите во овие загубари. ТЕЦ „Неготино“ пак има проблем со фактот што за да произведува електрична енергија во моментов го користи мазутот, односно потребни се инвестиции за промена на погонското гориво во овој енергетски капацитет.

Од друга страна, италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ веќе ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ – Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава. Владата ќе треба да избере кој модел за реформи ќе го избере.

Од земјите во соседството, Грција е единствена што целосно ја приватизираше својата железничка компанија „ОСЕ“, додека другите земји се одлучија за поделба на државната железница на посебни фирми за патнички и за товарен железнички сообраќај и за влез на приватен капитал во товарниот транспорт.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...