fbpx
Таг: Македонски пошти

таг: Македонски пошти

Зоран Китанов заминува, Ејуп Рустеми од ДУИ нов директор на ЈП за државни патишта

Наместо досегашниот директор Зоран Китанов, Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта во иднина ќе биде управувано од Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ, којшто досега беше директор на АД „Пошти на Северна Македонија“. Ваквата информација денеска ја потврди и премиерот Зоран Заев, којшто објасни дека од денеска почнува назначувањето на директорите на институциите кои се под надлежност на Владата. - Дел...

Владата најавува јавно-приватно партнерство за реформи во Пошта, Железници и други државни загубари

Владата најавува реформи во државните загубари, кои преку јавно-приватно партнерство или приватизација би го надминале проблемот со натрупување на загуби во нивното работење. Владата на вчерашната седница го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување на пратениците. „Владата...

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта. „Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото. Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето што досега го оддвојувале за...

Ејуп Рустеми е нов директор на Македонски пошти

Владата на денешната седница одлучи да го именува Ејуп Рустеми за нов директор на Македонски пошти. Досегашниот директор на Македонски пошти Фадис Реџепи е разрешен од оваа должност заради завршување на неговиот мандат, информира владината прес-служба. Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност...

Промовирана поштенската марка со ликот на Скендербег

На свечаната академија во Собранието по повод 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот - Скендербег беше промовирана поштенска марка со ликот на Скендербег. Поштенската марка е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6.000 примероци. Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев. Покрај него, на поштенската марка на македонски и на албански јазик е напишан поводот за нејзинот...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...