Министри и експерти разговараа за економските предизвици и новите антикризни мерки

-

Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која присуствуваа поранешни министри за финансии и експерти од областа на економијата и финансиите.

На дискусијата учествуваа поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини, Таки Фити и Нина Ангеловска, како и претставници на академската и експертска јавност Мирољуб Шукаров, Глигор Бишев, Зоран Јовановски, Никица Мојсовска-Блажевски, Јетон Мазлами, Александар Стојков и Изет Зеќири.

На панел-дискусијата беше посочено дека корона-кризата, пред сѐ поради нејзиниот глобален и неизвесен карактер, и понатаму останува закана за домашната економија, како и дека е потребно преземање повеќе активности за надминување на истата, а потоа и поттикнување на економскиот развој.

Беше истакната потребата од преземање нов сет антикризни мерки, во делот на зголемување на домашната потрошувачка, но истовремено делување и на страната на понудата, односно зајакнување на приватниот сектор и поттикнување на инвестициската активност преку ликвидносни инјекции.

Исто така, беше посочена потребата од паралено преземање системски мерки во делот на финансиите и во насока на реструктурирање на економијата. Истакната е и стратешката потреба да се работи на креирање попредвидлив амбиент и поголема конкурентност на економијата.

Зборувајќи за мандатните цели и приоритети, министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека ќе се воведе концепт на паметни финансии или СМАРТ финансии (Strategical, Maintainable, Accountable, Reform-oriented, Transparent), односно систем на јавни финансии којшто ќе се базира на јасна стратегија и ќе биде одржлив, одговорен, реформски ориентиран и транспарентен, којшто ќе придонесе во надминувањето на кризата на среден рок и побрз економски раст на долг рок.

„Концептот треба да дејствува во повеќе насоки – пред сѐ да го зајакне процесот на планирање, подолгорочно буџетирање на средствата, кое освен поголема предвидливост ќе донесе и подобра реализација на проектите и програмите, кои вообичаено се во тек на повеќе фискални години. Понатаму тој систем ќе биде ориентиран кон мерење на резултатите и согласно тоа кон дејствување во иднина, како и кон фискална транспарентност, којашто е највисокиот степен на буџетска контрола,“ информираат од Министерство за финансии.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...