fbpx

Со помош од ЕУ во вредност од 4 милиони евра ќе се јакне здравствениот систем за брз одговор на заразни болести

-

Со помош на ЕУ, во Македонија се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

„Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор. Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести,“ изјави министерот за здравство Венко Филипче на средбата со Никола Бертолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје, на која се разговараше за десетгодишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...