fbpx

Комисијата не предложи нови мерки, во изминатото деноноќие хоспитализирани 28 ковид-пациенти

-

Комисијата за заштита од заразни болести денеска одржа состанок со членовите, на кој не беа предложени нови рестриктивни мерки и препораки за заштита од ковид-19.

Ова значи дека засега останува да се почитуваат мерките кои се веќе на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, забраната за групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Забраната за групирање повеќе од четворица на јавен простор, беше донесена откако Мета објави дека по 21 часот кога затвораат кафулињата, младите во големи групи се собираат во Градскиот парк.

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„На интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клниката за неврологија, двајца болни на Клиниката за дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица“, стои во соопштението на министерството.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.

Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 „Септември“. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка“, информираат од министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...