fbpx

Филипче: Мерките мора да се почитуваат, нема да дозволам да нема кревети за лечење

-

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека со вчерашната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.

„Иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период. Како министер нема да дозволам да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење. Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор,“ изјави Филипче.

Тој истакна дека рестрикции и мерки ќе се носат секогаш кога ќе се процени дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје.

„Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три,“ додаде Филипче.

Тој потенцираше дека инспекциите имаат поголеми надлежности и тие максимално посветено ја работат својата работа.

„Верувам дека надлежните ќе направат сѐ да ги санкционираат неодговорните граѓани. Сепак, ќе повторам нешто во што силно верувам од самиот почеток. Ниту инспекторите, ниту полицијата, ниту здравствените работници не може да се справат со несовесноста на некои граѓани и компании. Затоа, уште еднаш апелирам, да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно. Заедно да го надминеме следниот период преку почитување на мерките без исклучок“, посочи Филипче.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....