fbpx

МОТ и ЕБОР: Поради короната се загубени работни часови колку 85.550 работни места со полно работно време

-

Македонија воведе одредени рестрикции за да се спречи ширењето на корона вирусот и досега успеа да го ограничи бројот на смртни случаи на 116 од 2.039 регистрирани случаи на заболени. Но, истовремено, мерките што ги презеде Владата тешко ја погодија економијата. Ова го констатира работната група на Меѓународната организација на трудот, МОТ, и на Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, во документот со 11 препораки за пазарот на трудот во Македонија, по корона вирусот и чекори кои треба да се спроведат со олеснување на мерките за вонредната состојба.

„Само во второто тримесечје од 2020 година загубени се работни часови кои соодветствуваат на 85.550 работни места со полно работно време. Според последните прогнози на ЕБОР, се очекува пад на економијата во 2020 година за 3,5 проценти, пред заздравувањето од 5,5 проценти што се прогнозира за 2021 година“, стои во  Извештајот на МОТ и на ЕБОР, „Брза проценка за влијанието од Ковид-19“.

Целта на препораките, подготвени на барање на Економско-социјалниот совет, е зачувување на работните места и заштита на бизнисите. Извештајот, кој е денес објавен и презентиран на надлежните органи, синдикатите и работодавачите, содржи низа предлози за остварување на таа цел. Тој е изработен со поддршка на ЕУ, во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, имплементиран од МОТ.

Според овој документ, опциите за проширување на заштитата на работниците и семејствата вклучуваат воведување на: проширена поддршка во случај на невработеност, со плаќање на паушален месечен износ во период од најмногу шест месеци, проширена категорија на фирми за користење на мерките за задржување на работните места, проширување на периодот на програмата за задржување на работните места од втората половина на март, до крајот на јуни, дополнителни критериумите за квалификување за гарантираниот минимален приход и воведување на паушален износ на субвенции за режиски трошоци/електрична енергија за домаќинствата со ниски приходи.

Можностите за активни мерки за вработување на МОТ и на ЕБОР вклучуваат промовирање на шеми за делење и ротирање на работните места, шеми за стажанти, како и инвестирање во дигиталната економија. Начините за поддршка на претпријатијата вклучуваат поголем пристап до финансии, административна поддршка и социјален дијалог меѓу засегнатите страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...