fbpx

Филипче: Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето

-

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека доколку мерките за заштита од ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето.
Тој додаде дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат без медицинска нега.
„Искрено верувам дека предложените мерки ќе дадат резултат. Но, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикција во движење. Најпрво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти итн., но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа ние поучени од тоа, постепено ги отворивме училиштата. Но, тие земји се соочија со еден нагол скок на случаи, нагло оптеретување на болничките капацитети, како во Израел, каде мораа да воведат рестрикција во движењето. Тоа ќе следи ако имаме и понатаму зголемување на бројот на дијагностицирани случаи и дополнително оптеретување на болничките капацитети“, потенцираше Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...