Филипче: Новозаболени од Ковид-19 во Охрид и Скопје од прослави, иако се забранети

-

Имаме нови кластери и за жал, морам да констатирам дека имаме непочитување на мерките. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а тоа е нешто што апсолутно нема логика. Имаме граѓани кои се собираат, иако е тоа забрането. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането, не може други собири да се прават ако е забрането да се прават, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека лично смета оти не е потребно продолжување на вонредната состојба.

– Откако се направи пристап со тестирање и изолација на сите контакти, состојбата во Штип и во тетовско постепено се смирува. Останува Чаир како општина во која има најмногу пациенти кои се заразени. Во Охрид имало прослава, како и семејна прослава во Скопје, каде што има позитивни случаи. Епидемиолозите имаат проблем со давање вистинити податоци. На терен се случуваат прекршувања на мерката за самоизолација и на мерките за групирање. Контролите се засилени, ги спроведуваат на терен овие активности. Има уредба со која е предвидено оној кој ќе прекрши решение за самоизолација или дава лажни информации, ќе му се одреди мерката државен карантин во траење од 14 дена, а трошокот ќе биде на нивна сметка – рече Филипче.

Тој информира дека овој бран сè уште трае, иако некои жаришта постепено се смируваат.

– Препораките на комисијата остануваат исти и барам да се почитуваат од сите граѓани. Пред нас е долга битка со вирусот и ќе мора да научиме да живееме со него. Имаме неколку случаи во кои заради давање неточни податоци, повеќе здравствени работници се во изолација. Апелирам сите да кажуваат точни податоци. Институциите мора да се почитуваат и сите препораки да се имплементираат. Не смее да продолжи праксата кога родилки не кажуваат точни информации, тоа не смее да се случува, а секое такво однесување повлекува голема одговорност – додаде тој.

Досега во државата се направени вкупно 40.004 тестирања од почетокот на епидемијата.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...