Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се,“ напиша Спасовски.