fbpx

Филипче: Есента носи ризици вирусот покажа дека е непредвидлив, да бидеме уште повнимателни

-

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-обраќање истакна дека светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19 е најголемата во последните 100 години. Истовреме, потсети тој, поминаа шест месеци откога се регистрира првиот случај во нашата земја.

„Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници кои секојдневно се борат за секој еден човечки живот. Знам дека животот со вирусот изморува и разбирам колку е тешко што можеби работите не се онакви какви што би сакале да бидат. Но, ова нема да трае вечно. Од ден во ден, сме се поблиску до надминување на кризата,“ потенцираше Филипче и додаде дека треба да бидеме свесни дека ни претстои уште еден период во кој мора да се штитиме уште повеќе и уште подисциплинирано да ги почитуваме мерките.

Филипче изјави дека есента носи многу ризици, а вирусот докажа дека е исклучително непредвидлив. Затоа, тој упати апел, сите да бидеме максимално претпазливи.

„Мерките за лична заштита се јасни и веќе многу добро познати. И не се тешки за почитување, во тоа сум сигурен. Потребно е само прифаќање на реалноста и верба дека, доколку доследно се придржуваме кон нив, ова ќе помине. Дека ќе успееме, а успехот ќе биде наш, заеднички. Сакам да ве уверам дека како министер правам се што е потребно да се подготвиме за есенскиот период. Ги зајакнуваме болничките капацитети и кадарот. Новата Влада максимално ќе ги насочи ресурсите кон здравството со цел поддршка на здравствените работници и обезбедување на добри здравствени услуги за сите граѓани. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на моите колеги – здравствените работници и сите кои неуморно работат во надминување на кризата,“ посочи Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...