Празните скопски улици за време на полицискиот час кон крајот на март 2020 г. | Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Строгите мерки за карантин и полициски час овозможиле да се намали преносот на ковид-19 и да се спречат три милиони смртни случаи во 11 европските држави, покажува новата студија на „Империјал колеџот“ во Лондон, чии што научници се советници во британската влада за справување со вирусот, објави „Ал Џезира“.

Истражувањето покажало дека со седењето дома, ширењето на вирусот се ставило под контрола и со тоа биле спречени околу 3,1 милион смртни случаи во Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија, Белгија, Австрија, Данска, Норвешка, Шведска и Швајцарија.

Користејќи ги податоците на Европскиот центар за контрола на болести за смртните случаи во тие 11 држави во периодот до 4 мај, научниците го споредувале бројот на забележани смртни случаи со онаа бројка предвидена со нивниот модел ако не биле воведени ограничувањата во движење.

„Нашите резултати покажуваат дека владините интервенции со седењето дома има голем ефект врз намалувањето на преносот на вирусот, а континуираната интервенција треба да се разгледа за да се спречи преносот на ковид-19 и да се стави под контрола,“ велат истражувањето.

Истражувачите процениле дека, без мерките во тие 11 држави кумулативно помеѓу 12 и 15 милиони луѓе би биле заразени на почетокот на мај, што одговара на 3,2 до 4 проценти од нивната популација.