fbpx

Владата утврди неколку закони за финансиска помош и даночни олеснувања за компаниите

-

На 14. седница на Владата утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година,“ велат од Влада.

На предлог на Министерството за финансии, на седницата е утврден и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот ковид-19.

„Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со ковид-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите,“ се додава во соопштението.

Исто така, заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

„Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 проценти за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од пет проценти за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар,“ соопштуваат од Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...