fbpx
Таг: Коридор 8

таг: Коридор 8

Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч,...

Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека годинава ќе се започне со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово. При денешната посета на Тетово, тој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше...

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани...

Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот

Ангажираните консултанти минатиот месец до Министерството за транспорт и врски го доставија целиот сет од пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево на Коридорот 8 во финална верзија која е одобрена од сите инволвирани страни. Станува збор за првиот документ од низата што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста на оваа железничка делница во согласност...

Објавен новиот тендер за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) деновиве го објави тендерот за избор на најповолен изведувач за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка. Двете претходни фази на изведба (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) се споени во еден тендер, а од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач би требало да...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 кон Бугарија и беше...

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада ќе бидат искористени можностите...

Турски „Аселсан“ и „Жикол“ ќе работат на електронската наплата на патарина на Коридор 8 и Миладиновци-Штип

Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8, како и на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е наведено во резултатите од меѓународниот тендер објавени од ЕБОР. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта треба да се потпише на крајот од...

Автопатот Тетово – Гостивар полн со дупки, ќе се проектира неговата реконструкција во 2022 година

Иако се наплаќа патарина, на автопатот Тетово - Гостивар се вози по брановиден и оштетен асфалт, кој е полн со дупки и нерамнини со кои се отежнува движењето на возилата. Делницата долга 22 километри меѓу двата града се нарекува автопат, но на одредени нејзини сегменти се вози со ограничување на брзината до 80 километри на час. Автопатот Тетово -...

Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба

Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар - Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри. Од ова претпријатие информираат дека...

Бочварски најави построга контрола на реализацијата на капиталните инвестиции

Многу бројки и ветувања, но кај дел од инфраструктурните проекти има доцнења во изведбата и пролонгирање на крајните рокови за изградба. Поради ова, државата на централно ниво догодина ќе формира единица за надгледување и реализација на капиталните проекти со цел да се испорача високо ниво на реализација. Ова го спомена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната...

Државата инвестира 90 милиони евра во модернизиран патен Коридор 8 кон Бугарија

Целокупната траса на Коридорот 8 во земјава се реконструира и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа која што ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид...

Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година

Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на крајот од јуни наредната...

Порталб: Во Тетово реновирана железничката станица после 70 години, но нема кој да патува од неа

По неколкудецениско доцнење, Железничката станица во Тетово е целосно обновена и таа доби поинаков изглед, имајќи предвид дека ова беше место каде досега се криеја кучиња скитници, корисници на дрога и пред само неколку месеци беше покриено со прашина. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Фестим Халили, потенцираше дека овој проект чинел вкупно 7,3 милиони денари...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Економскиот и инвестициски план за Западниот Балкан: нова надеж или ново пакување?

Оваа година Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западниот Балкан го засени нејзиниот пакет докумeнти за проширувањето. Европската комисија сака да испрати политичка порака дека е посветена на регионот на Западниот Балкан и да го поврати веќе разнишаниот кредибилитет. Меѓу главните причини за донесувањето на Планот е опстојувањето на јазот во економскиот развој меѓу регионот и ЕУ,...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што би ги добиле наредниве...

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

Шпански компании, кои се едни од водечките во изградба на железничка инфраструктура во светот, се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија, во рамките на Коридорот 8. Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера ова му го соопштил на министерот за финансии Фатмир Бесими на одржаната средба, информираат од Министерството за финансии. Бесими му...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...