fbpx

Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година

-

Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на крајот од јуни наредната година.

Пробивањето на зададениот рок за завршување на изведбата се должи на ковид-19 пандемијата, која резултираше албанскиот подизведувач во текот на пролетта да не може да ги реализира своите работни обврски поради тоа што границите беа затворени и работниците од Албанија не можеа да влезат во земјава. Исто така, причина за одолговлекувањето е зголемениот обем на работи што треба да се завршат, како што се дополнителниот широк ископ на усеците, изградбата на патниот јазол Требеништа и паралелните пристапни патишта.

„Со оглед дека пред нас е зимската сезона која со себе може да донесе и неповолни услови за работа и доколку временските услови дозволуваат, изведувачот е подготвен за нормална работа на терен“, велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта, додавајќи дека на терен се ангажирани над 650 работници и 220 градежни машини, опрема и возила.

Инаку, склучениот договор за докомплетирање на проектната документација за автопатот Кичево-Охрид, како и целокупната проектна документација е завршена и предадена на изведувачот, кој во моментов работи на нивна имплементација.

На автопатот Кичево-Охрид се градат 54 објекти, како што се вијадукти, надпатници и потпатници. Досега се завршени 142 пропусти, а на 5 пропусти во моментов се работи. Изведувачот гради 11 потпорни ѕидови, а 23 од нив веќе се комплетирани. 4 мостови и 28 вијадукти периодов се изведуваат, а во изградба се и 19 натпатника и потпатника. Градежни работи се одвиваат и на клучките Арбиново, Издеглавје, Ботун, Мешеишта и Подмоље. Поставени се два слоја асфалт на површина од 215.000 метри квадратни, а извршена е и рехабилитација на постојниот магистрален пат во должина од 25,15 километри со ширина од 10,25 метри и 4 километри со ширина од 7,75 метри. До овој момент, пробиени се околу 95 отсто од целата траса на овој автопат.

Автопатот Кичево-Охрид започна да се гради во февруари 2014 година, со кредит подигнат од кинеската Ексим банка. За изведувач на овој проект беше избрана кинеската компанија „Синохидро“. Првичниот рок за изградба беше пробиен, по што владата склучи анекс на договорот за довршување на автопатот до 30 јуни 2021 година. Цената на автопатот требаше да изнесува 374 милиони евра, но со дополнителни анекси неговата вредност се искачи на 598 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...