Државата инвестира 90 милиони евра во модернизиран патен Коридор 8 кон Бугарија

-

Целокупната траса на Коридорот 8 во земјава се реконструира и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа која што ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид во градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир.

„Модернизацијата на Коридорот 8, комплетната реконструкција и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, во должина од околу 13 километри е значајна заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна економска важност за нашата земја“, изјави премиерот Зоран Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека само во делот кон Бугарија, на патниот Коридор 8 во моментов се инвестираат околу 90 милиони евра, кои ќе овозможат до 2022 година да имаме комплетно нова патна врска кон нашиот источен сосед.

„Конкретно кон Бугарија, го рехабилитиравме автопатот од Скопје до Куманово, во тек е рехабилитација на патниот правец од Куманово до Страцин, го завршивме патниот правец од Ранковце до Крива Паланка, а во меѓувреме се гради нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. И на крај, ја рехабилитираме токму оваа делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир“, изјави министерот Бочварски.

Тој дополни дека во делот кон Албанија, за патниот Коридор 8 во моментов се врши проектирање на нов автопат од Гостивар до Кичево, продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, а заврши проектирањето на планираната рехабилитација на патот од Струга до граничен премин Ќафасан. Севкупно земено, само за изградба и рехабилитација на патниот Коридор 8 низ нашата земја се инвестираат преку 1 милијарда евра.

Делницата од Крива Паланка до Деве Баир е со должина од 13,2 километри, а по реконструкцијата и проширувањето со трета коловозна лента, патот ќе има предвидена ширина 10,5 метри. Инвестицијата изнесува 10,16 милиони евра обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...