Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба

-

Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри.

Од ова претпријатие информираат дека проектната документација се подготвува според барањата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од каде ќе биде земен кредит од околу 70 милиони евра како надополнување на добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку ВБИФ Инструментот на Европската Унија. За првата фаза во вредност од околу 90 милиони евра во текот на месецов ќе биде објавена Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која ќе ѝ биде достапна на јавноста 120 дена.

„Во тој период, паралелно ќе тече рокот за одобрување на студијата и според националното законодавство. По тој период, ќе следи финално одобрување на целокупната техничка документација и добивање на одобрение за градење“, информираат од ЈП за државни патишта.

Тие потенцираат дека тендерот за изградба на автопатската делница од Букојчани до Кичево треба да се објави кон средината на 2021 година.

„Се очекува почеток на градбата до крај на 2021 година. За оваа делница
очекуван рок за завршување на работите е 36 месеци“, велат од ова претпријатие.

За преостанатите две фази од автопатот Гостивар – Кичево, проектирањето не е започнато, но начелно се обезбедени 2 милиони евра за изработка на основен проект за делницата Гостивар – Горна Ѓоновица и за идеен проект за делницата Горна Ѓоновица-Букојчани. Средствата ќе бидат достапни преку т.н. Заеднички фонд на
ЕБОР, додека објавата за избор на проектант ќе биде во текот на 2021 година.

Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. Со неговата изградба, патниот Коридор 8 кон Албанија речиси би се комплетирал во целост, со исклучок на делот од охридското село Требеништа до граничниот премин Ќафасан. Автопатот е важен и за развојот на туризмот во охридско-струшкиот регион. За висината на финансиските средства што ќе бидат потребни за неговата изградба е прерано да се зборува, бидејќи проектната документација за делот од Гостивар до Букојчани сѐ уште не е изработена во целост.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...