вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: проектирање | 25 резултати

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

14 септември 2020

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до […]

Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

19 јуни 2020

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево – Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на […]

Град Скопје го подготвува проектот за воведување на систем за изнајмување велосипеди

5 мај 2020

Градските власти во моментов работат на подготовка на проектната документација за воведување на најавуваниот јавен систем за самоизнајмување на велосипеди во Скопје. Станува збор за поставување на пунктови на 30 локации низ главниот град, кои би биле опремени со терминал за самоизнајмување на велосипеди и 20 држачи за велосипеди. – Проектирањето на овој проект сѐ […]

Штип и Крива Паланка пред изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа

30 декември 2019

Со оглед на близината на магистралниот гасоводен систем, општините Штип и Крива Паланка меѓу првите почнаа со проектирањето, а ќе бидат веројатно и првите две општини што ќе може да стартуваат со секундарната гасификација. Општина Штип, според градоначалникот Благој Бочварски, е пред добивање на дозволата за градба. – За гасификација сме на крај од проектирањето, […]

„Интелигентниот надзор“ на Коридорот 10 ја мина ревизијата, следи тендер

18 ноември 2019

Градежниот факултет при УКИМ ја заврши ревизијата на проектната документација за воведување на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Коридор 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека ревидираниот проект е испратен до Министерството за транспорт и врски, така што следна обврска е распишување на […]

Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид

19 септември 2019

Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора […]

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

11 септември 2019

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот […]

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

16 август 2019

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за […]

Догодина реконструкција на автопатот кај Хиподром, Миладиновци и Петровец

12 август 2019

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ги реконструира автопатските делници Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром. Автопатските влезови во Скопје од исток се со вкупна должина од 28 километри, а за нивната реконструкција се обезбедени средства со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). – Очекуваме во […]

Ќе има ли промена на трасата на идниот автопат Требеништа – Струга?

25 јули 2019

УНЕСКО бара една работа, а надлежните државни власти засега преземаат минорни мерки околу проектот за изградба на автопатот Требеништа – Струга. Во точката 7 од Конечната одлука на Комитетот за светско наследство на 43. Седница на УНЕСКО што се одржа во Баку се вели дека државата не направила соодветна проценка на севкупното влијание на овој […]

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

23 јули 2019

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија – Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ […]

Охрид – Свети Наум: Проект за реконструкција, а не за проширување на стариот пат

22 јули 2019

Наместо да се гради нов експресен пат, државата се одлучи да се пренасочи кон реконструкција на постојниот пат Охрид – Свети Наум. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ велат дека до крајот на 2019 година ќе се избере најповолен понудувач за изработка на проектна документација за реконструкција на постојниот пат Охрид – Свети […]

Aвтопатот Тетово – Гостивар годинава ќе добие проект за реконструкција и проширување (инфографик)

20 јули 2019

Дупки на коловозот, нерамен асфалт и немање можност за застанување со возилото на помошна лента. Ова е постојната слика на автопатот Тетово – Гостивар, кој е воедно и еден од најфрекветните патишта во земјава. За минување по оваа делница граѓаните за своите автомобили плаќаат по 60 денари во еден правец, а за возврат добиваат автопат […]

Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради забрзано – Кинезите дадоа амин и 380 милиони евра

17 јули 2019

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид забрзано ќе продолжи во наредниов период, а половина од делницата во делот меѓу селото Врбјани и Охрид ќе се направи напор да се заврши следната година. Ова денеска го потврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека кинеската Ексим банка им ставила на располагање на македонските […]

Ако се слуша УНЕСКО, најмалку една година ќе треба за препроектирање на пругата од Струга кон Албанија

14 јули 2019

Препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија на Коридорот 8 би чинело од 3 – 5% од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите ќе им требаат барем една година за да ја изработат алтернативната рута по препораката што ја дава УНЕСКО. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ нагласува дека ќе […]

Анѓушев: Спорно е финансирањето на доизградбата на автопатот Кичево – Охрид

26 јуни 2019

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска од Охрид рече дека владата чека на одобрување нова транша од кредитот од кинеската Ексим банка за интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. – Тоа што се очекува сега да се случи е да продолжи кредитирањето од Ексим банка кое престана на 15 јануари. Финансирањето е […]

Зошто да се гради автопат, а не експресен пат меѓу Прилеп и Битола?

24 јуни 2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов минатата недела најавија дека државата годинава ќе го отпочне проектирањето на идниот автопат Прилеп – Битола. Во Годишната програма за работа на ЈП за државни патишта за 2019 година е вметнато задолжението за изработка на проектна документација за автопат […]

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

3 јуни 2019

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево – Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот […]

Ќе се гради нов експресен пат од Битола кон Грција за излез на Јонското море

6 мај 2019

По неколку години поминати во најава, државата конечно се одлучи да почне со проектирање на новиот експресен пат од Битола до македонско – грчката граница. Грција уште пред неколку години го има изградено новиот експресен пат до границата и ги чека македонските власти да го завршат нивниот дел од работата за да профункционира паневропскиот Коридор […]

Анѓушев од Охрид: Ќе добиеме автопат по сите технички и меѓународни пропозиции

5 октомври 2018

Со новите договори и со ревидирање на целосната проектна и техничка документација ќе добиеме автопат кој што во целост ги исполнува меѓународните стандарди, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев при денешниот увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, кој што го изврши заедно со директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов. „Овој […]

Страна 1 од 2