Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

-

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра, што значи дека постои намалување на приходите од над 4,3 милиони евра само за еден квартал.

Од ЈП за државни патишта објаснуваат дека трите месеци од изминатово лето низ наплатните станици во земјава минале 9.403.080 возила, додека лани во истиот период била наплатена патарина од 14.112.726 возила од сите категории.

– Ние имаме намалување од 33,37 отсто на вкупно наплатените возила и намалување од 30,87 отсто на вкупната наплата на патарина – објаснуваат од ЈП за државни патишта во однос на штетите што произлегуваат од ковид-19 пандемијата.

Изминатово лето Грција ги држеше затворени копнените граници не само за туристите од нашата земја, туку и за државјаните од соседството, кои традиционално го користат патниот Коридор 10 низ земјава за патување кон море. Неопходноста од поседување на PCR тест за патување и низ другите соседни земји, со исклучок на Албанија, дополнително го намали бројот на возила на патиштата, а со тоа и наплатата на патарина.

Од Јавното претпријатие за државни патишта и во вториот квартал од годинава регистрираа намалување на приходите од патарини за 40,7 отсто, кога беа наплатени само 6.118.936 евра. Корона кризата доведе до ограничување на патувањата, што пак направи милионски штети кај ЈП за државни патишта, кое годинава од патарините очекуваше приходи од околу 48,7 милиони евра.

Во однос на електронската наплата на патарина, во периодот јули-септевмри 2020 година, остварен бил промет од продажба на електронски уреди и надополнувања на истите во висина од 709.730 евра. Во овој период продадени се вкупно 1.863 електронски уреди, или поединечно 1.280 МСмарт картички и 583 МТаг уреди, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...