fbpx

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

-

Шпански компании, кои се едни од водечките во изградба на железничка инфраструктура во светот, се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија, во рамките на Коридорот 8. Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера ова му го соопштил на министерот за финансии Фатмир Бесими на одржаната средба, информираат од Министерството за финансии.

Бесими му се заблагодари на амбасадорот за поддршката што Шпанија ѝ ја даде на нашата држава во процесот за полноправно членство во НАТО, како и за поддршката кон отворањето на преговорите со ЕУ.

„Очекуваме Шпанија да продолжи да биде наш стратешки партнер во претстојниот период, којшто ќе ја поддржува нашата земја до нејзиното целосно членство во ЕУ“, нагласи Бесими.

Амбасадорот на Кралството Шпанија, Сера, рече дека во моментов сериозно се размислува за воспоставување Договор за билатерална соработка со што ќе се создадат услови за зајакнување на економската соработка.

Во соработка со Шпанија, во рамки на Министерството за финансии, успешно беше завршен проектот „Понатамошна хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“, во кој Шпанскиот надзорен орган за осигурување и пензиски фондови беше партнер од земја членка на ЕУ, како и проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“ во кој партнер беше Шпанската даночна администрација (Agencia Tributaria).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...