fbpx
Таг: Коридор 8

таг: Коридор 8

Со заем од 15,3 милиони евра ќе се градат 3 нови патарини на автопатите

Распишан тендерот за изградба на 3 нови патарини и за воведување на електронска наплата на наплатните рампи долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци - Штип. Со заем од 15,3 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци - Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево -...

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево - Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за...

И пругата и автопатот кон Албанија причини за „голема загриженост“ на УНЕСКО за Охрид

Трасите на двата клучни инфраструктурни проекти за пругата кон Албанија и за автопатот Требеништа - Охрид значајно придонеле за давање на препораката од УНЕСКО за впишување на Охрид на листата на загрозено светско наследство. Изготвениот извештај треба да биде разгледан на 43. Сесија на Комитетот за светско културно наследство што ќе се одржи кон крајот на јуни во Баку,...

Државата од патарините лани се офајдила со 40,5 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да инкасира 40,5 милиони евра од наплатата на патарина на македонските автопати. Податоците од финансиските извештаи на ова јавно претпријатие за 2018 година велат дека државата успеала да извлече за 5% повеќе средства од граѓаните за патарина во споредба со 2017 година. Ланскиот план на ова јавно претпријатие бил дури и поамбициозен, па...

Објавен тендерот за проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир

Постојниот магистрален пат Крива Паланка - Деве Баир ќе биде целосно реконструиран и проширен со трета коловозна лента. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен тендерот за изведба на 13 - те километри од оваа траса, која претставува главна патна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со проширувањето на патниот правец и...

Додека Албанија гради, Македонија чека пари за железничко поврзување

Албанија е активно вклучена во изградбата на пругата од Коридорот 8 на нејзиниот дел од територијата. На потегот од Тирана до Драч, веќе се одвиваат градежни работи, а во крајна фаза за избор на изведувач за реконструкцијата е и пругата од Драч до Елбасан. Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ Ирфан Асани вели дека тамошната влада...

Грција, Бугарија и Србија градат пруги за 250 км/час, ние сме среќни и со 80 км/час

Додека Бугарија, Србија и Грција активно работат на изградба на брзи пруги, Македонија спие. Нашата земја за неколку години би можела да има сериозен проблем со малите брзини на возовите, ако се земе предвид темпото на развој на железничката инфраструктура во соседните земји. Грција планира годинава да ја комплетира изведбата на брзата пруга меѓу Солун и Атина, по која возовите...

Анѓушев: Изградени се околу 42 отсто од првата делница на пругата кон Бугарија

Најдоцна до средината на 2020 година ќе биде завршена изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски железници - Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во реализацијата на првата фаза од пругата кон Бугарија. – За оваа година и половина изградени се...

Хоророт на локалните железнички станици: Руинирани, ладни, темни и неопремени

Незатоплени, празни, неосветлени и со уништен ентериер - ваква е состојбата на најголем дел од железничките станици во Македонија. Особено лоша е состојбата на објектите што се наоѓаат долж пругите Велес - Кочани и Скопје - Кичево, како и на железничките станици што се наоѓаат во помалите рурални средини. Граѓаните од Кичево, Гостивар, Тетово, Штип, Кочани и Куманово секојдневно...

Сугарески: Tурските компании да се вклучат во реализацијата на капиталните проекти

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со претставници на Македонско-турската Стопанска комора -МАТТО, во рамките на која разговарале за инфраструктурните проекти во државата и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација. „Министерот Сугарески пред присутните ја образложи инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повика...

ЕУ ќе обезбеди 68,6 милиони евра за модернизација на железницата

Владата потпиша Договорот за грант во износ од 68,6 милиони евра наменет за ко-финансирање, доделен од Европската унија преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), за модернизација на железницата. Овој грант ќе биде искористен за ко-финансирање на изградбата на приближно 34 километри железничка инфраструктура, од Бељаковце до Крива Паланка, втора фаза на проектот за Коридор 8, кој откако ќе биде финализиран,...

Експропријација на земјиште за потребите на пругата на Коридор 8, на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 81. седница на која министрите ќе одлучуваат за неколку предлог-одлуки за давање на согласност за склучување на договор за доделување на државна помош. „На предлог на Јавното претпријатие „Македонски железници -инфраструктура“ ќе се разгледа информација за процесот на експропријација на земјиште, кое е потребно за реализација на проектите за реконструкција и изградба на железничката...

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и...

Сугарески му ги презентираше на Шчербак инфраструктурните проекти во Македонија

Министерот за транспрот и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Олег Шчербак, на која го информирал амбасадорот за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија. Сугарески ги потенцирал проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија, особено доизградбата на железницата на Коридорот 8, односно проектот за изградба на пругата кон...

Заев и Рама од Поградец прогласија ново поглавје во соработката на двете држави

Заедничката седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец отвора ново поглавје во билатералните односи на двете земји и значи работење на решенија што водат до спокојна и безбедна иднина на нашите граѓани и нашите земји, а не на нивно одложување, порача македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во пограничниот албански град, пренесува службата за информирање. Според Заев, владите на...

Ќе се реконструира пругата Куманово – Бељаковце

На денешната 41. седница на Владата, министрите ја усвоија и информацијата за реконструкција на железничката пруга Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8. „Владата го задолжи ЈП „Македонски железници“ веднаш да пристапи кон формирање единица за реализација на проектот и на акциски план во кој ќе бидат наведени сите активности што треба да се преземат за надминување на проблемите со утврдена...

Железничките делници на Коридорот 8 се заеднички приоритет на земјите од регионот

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска учествуваше на втората министерска конференција за транспорт што се оддржува во Варшава, Полска. На конференцијата на која присуствуваат министрите за транспорт од земјите од Централна и од Источна Европа и од Кина, се разговара за развојните стратегии во насока на реализација на инфраструктурните и транспортни проекти и нивното регионално значење. Апостолска ја...

Димитров и Бушати разговараа за изградба на Коридорот 8

Интензивирање и зајакнување на политичката, економската и особено на инфраструктурната и на енергетската соработка, беше тема на денешната средба во Тирана, меѓу министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, соопштија од македонското МНР. Министрите разговарале за заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и на регионалната соработка, во духот на европските и евроатлантските вредности. „Се...

Брисел ги сопре финансиите за Коридорот 8

Европската комисија одлучи да не го финансира Коридорот 8 поради проблемите и недостатоците во транспортниот сектор на Македонија, соопшти Маја Коцијанчич. - Проектот за транспортно поврзување, кое земјата го поднесе, Коридорот 8, ќе биде разгледан откако истакнатите проблеми во секторот, како што е секторот за стратегија и за координација, ќе бидат решени и ќе бидат исполнети условите. Има многу недостатоци...

За бизнис-заедницата важно е да нема кратење средства од капиталните проекти

За бизнис-заедницата е важно да не се намалат средствата за развој на патната и на железничката инфраструктура со предлог-ребалансот на буџетот. Според директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ, од реализирањето на капиталните проекти зависи работењето и економското дејствување на компаниите во следниот период. - Ребаланост на буџетот е нормална појава во услови на изостанување на резулти...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...