петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Коридор 8 | 215 резултати

Вистиномер: Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

февруари 3, 2022

Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни програми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за […]

Вистиномер: Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин во завршна фаза

јануари 29, 2022

Во продолжение ја пренесуваме проверката на едно изборно ветување што ја направи „Вистиномер“: ВЕТУВАЊЕ: Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делница долга 32 километри. Тоа што е значајно е  значително да ја подобриме безбедноста […]

На заедничката седница во Софија, Ковачевски и Петков ги формализираа петте работни групи

јануари 25, 2022

Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на денешната заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија ги формализираа петте работни групи што ќе работат во повеќе области, а веќе се дефинирани и конкретните теми на коишто тие ќе работат. „Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е […]

Клучните инфраструктурни проекти лани заглавија во лавиринтите од тендери и администрација

јануари 8, 2022

Изминатата 2021 е година што ја одбележа понатамошниот развој на патниот сообраќај, како и уназадување на железницата во земјава. Исто така, изминатата година може да се окарактеризира како период во којшто клучните инфраструктурни проекти во Македонија заглавија во лавиринтите на тендери и административни процедури. Меѓународниот тендер за изградба на пругата кон Бугарија течеше во текот […]

Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево

декември 22, 2021

Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра. […]

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

ноември 16, 2021

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на […]

EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8

октомври 25, 2021

Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија […]

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

октомври 19, 2021

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија […]

Владата на средба со „Бехтел-Енка“, ветуваат дека автопатите ќе ги градат локални компании

септември 29, 2021

Премиерот Зоран Заев во придружба на министри и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска остварија средба со делегација на меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на американската компанија „Бехтел“ Шон Кени, информираат од владината прес-служба. На состанокот се разговарало за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за […]

Владата го прифати Анексот за автопатот Кичево – Охрид, рокот продолжен до крајот на 2023 година

август 18, 2021

На вчерашната седница Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република […]

Платформа за борба против корупцијата: Се поткопува владеењето на правото со законот „Бехтел-Енка“ да гради автопати

август 6, 2021

Со одлуката за носење на посебно скроен закон за изградба на автопатишта со стратешкиот партнер Бехтел и Енка, се поткопуваат темелите на владеењето на правото, реагираат од Платформата за борба против корупцијата која е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување. „Во состојба во која […]

Антикорупциска го оспори пред Уставен суд законот за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

јули 26, 2021

Десетина дена откако помина во Собранието на РСМ и беше потпишан од претседателот на државата, Стево Пендаровски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја испрати до Уставниот суд иницијативата за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 […]

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

јули 16, 2021

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, […]

Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка

јули 13, 2021

Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок […]

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

јули 3, 2021

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците. „Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос […]

Во Собранието поднесен законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

јули 1, 2021

Пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди, Кастриот Реџепи го поднесоа предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д во земјава. Законското решение ќе се носи по скратена постапка и веќе е поставено на дневен ред на 45. Седница на Собранието на РСМ. […]

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

јуни 11, 2021

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на […]

Автопатот Кичево-Охрид нема да поскапува, новиот рок за завршување е почетокот на 2024 година

мај 21, 2021

Нема да има ново поскапување на автопатот Кичево-Охрид, но затоа ќе има второ пробивање на рокот за неговото пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изведбата на автопатската делница долга 57 километри. Министерот Бочварски ги отфрли шпекулациите […]

Според фреквенцијата на возила, Коридорите 8 и 10д не треба да бидат во целост автопати [инфографик]

мај 18, 2021

Додека јавноста ги очекува надлежните институции да излезат со предлог-решението за моделот по којшто ќе се градат новите автопати долж Коридорите 8 и 10д, податоците од изминативе години покажуваат големи разлики во фреквенцијата на возила на поединечни делници на кои е предвидено да се гради автопат. На крајот од март, владата со конзорциумот „Бехтел-Енка“ го […]

Италијанците си заминаа, се бара нов изведувач за довршување на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

мај 12, 2021

Откако со италијанската компанија „Тирена Скави“ е прекинат договорот, за довршување на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на патниот Коридор 8 се бара нов изведувач. Јавното претпријатие за државни патишта го објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја догради првата подделница од Длабочица до Чатал со должина од 15,5 километри. Тендерската […]

Страна 5 од 11