понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Јетон Шаќири | 96 резултати

Министерот Шаќири ќе побара итна проценка на безбедносните ризици во училиштата

мај 6, 2023

По случувањата во Србија со двата масакра со огнено оружје што се случија неделава, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска информираше оти ќе им предложи на владата и безбедносните органи да извршат итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како што е ТикТок. […]

Мета факт: Никако да почне реновирањето на студентските домови

мај 2, 2023

Долгоочекуваното и големо најавувано реновирање на студентските домови во земјава, со кое тие треба да станат „современи и енергетски ефикасни“, никако да почне. Од првата, стартот на градежните работи сега се одложува за втората половина од годинава. Иако проектната документација за домовите кои треба да бидат реновирани во првата фаза е изработена, надлежните сега најавуваат […]

Министерот Шаќири ги вети, а сега молчи за дигиталните услуги во образованието

април 29, 2023

Систем кој ќе овозможи матурантите онлајн да се запишуваат на факултет, надграден и пофункционален електронски дневник, мобилна апликација е-дневник, како и електронски свидетелства, се новините кои минатата година ги најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Лани на 15 јуни, кога информираше за бројот на електронски апликации што стасале за упис во средното образование, […]

Корупцијата во образовниот систем ги саботира шансите за позитивен исчекор

април 25, 2023

Создавањето на образовен систем без корупција ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти и ќе води кон подобри услови за раст и развој на државата и нејзиниот човечки потенцијал, рече вицепремиерката Славица Грковска на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“ која се одржа со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации […]

Прв инклузивен спортски саем „Спорт за сите”: Целосно почитување на човековите права во интерес на сите граѓани

април 12, 2023

Отстранувањето на архитектонските и други видливи и невидливи бариери, инвестирањето во опрема и посебни програми, и овозможувањето на спорт за луѓето со попреченост, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на оваа целна група, туку и начин како да се подобри општеството и да стане поправедно, рече денес заменичката на претседателот на […]

Mладите да се запишуваат во средните стручни училишта и на техничките факултети, порача Шаќири

април 6, 2023

При изборот на образование, младите да се водат од податоците за тоа што е потребно на пазарот на трудот, порача денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбата со полуматурантот Олег Стефановски. Олег е ученик во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, а својата иднина ја гледа работејќи во областа на информатичко-комуникациските технологии, […]

Универзитетот „Мајка Тереза“ наскоро со нов кампус во касарната „Илинден“

април 4, 2023

Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје наскоро ќе биде преместен во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде согласно владина одлука од минатата година, дел од објектите етапно се отстапуваат и уредуваат за потребите на оваа високообразовна установа, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). За интензитетот на активностите денеска на средба во просториите на […]

Средношколците и МОН постигнаа компромис околу државната матура

март 27, 2023

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за Министерството за образование и наука (МОН), соопшти денес претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имаа со министерот Јетон Шаќири. Павиќевиќ кажа дека не е прифатено единствено барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај […]

Шаќири: Ќе обезбедиме дигитални верзии на хартиените учебници

март 20, 2023

Во иднина ќе ги задржиме традиционалните хартиени учебници во основното и средното образование, но ќе обезбедиме и дигитални верзии, заради полесна достапност и примена, истакна министерот за образование и наука на денешната панел дискусија посветена на дигитализација на образованието, која е дел од одбележувањето на 20 годишнината на Американски универзитет на Европа – ФОН. Тој […]

Се опремува новиот државен студентски дом во Тетово

март 14, 2023

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година. Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат […]

Наставниците ќе земат зa 1.000 денари повисока јануарска плата

февруари 10, 2023

За околу 1.000 денари ќе им биде повисока јануарската плата на просветните работници во основното и во средното образование, која треба да ја земат околу 15 февруари. Ова се случува согласно спогодбата која лани ја потпишаа првите луѓе на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон […]

МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество неосновано ја префрлаат вината на министерството

декември 27, 2022

Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за петто одделение, вината за направените грешки во содржината неосновано ја префрлаат на Министерството за образование и наука (МОН), реагираше денеска ова министерство. Оттаму велат дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на […]

Шаќири: Секој родител кој ќе побара образовен асистент за своето дете, ќе добие

декември 26, 2022

Во буџетот на МОН за следната година предвидeни се повеќе пари за ангажирање образовни асистенти кои им помагаат на учениците со попреченост во совладување на наставната материја и училишните обврски. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешната посета на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. „Секој што ќе побара […]

Вал: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува образовниот систем

декември 21, 2022

Клучниот столб на националната стратегија за развој е образовниот систем, па затоа Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образованието. Ова е заклучокот од средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ, […]

Студентите и МОН разговараа за Законот за субвенциониран оброк – се предлага парите да не може да се префрлаат за следниот ден

декември 20, 2022

Мерката субвенциониран оброк за студентите ќе биде достапна и во иднина, а во меѓувреме законското решение ќе се унапреди согласно потребите и барањата на студентите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој денеска во Собранието беше на средба со претставници на студентските собранија и организации. На средбата се дискутирало за подобрување на законското […]

Се готви нов Закон за средно образование, во тек е јавна дебата

декември 19, 2022

Средно образование за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост, вработување образовни асистенти во училиштата. Ова се само дел од нештата кои ќе бидат дел од новиот Закон за средно образование, чија работна верзија денеска ја претстави министерот Јетон Шаќири во средното угостителско училиште „Лазар […]

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

декември 12, 2022

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи […]

Буџетот на МОН догодина ќе „тежи“ 450 милиони евра

декември 12, 2022

Касата на Министерството за образование и наука (МОН) догодина ќе брои над 450 милиони евра кои се предвидени за финансирање и развој на образованието и науката. Како што соопштија од ова министерство, предвидениот буџет е зголемен за 8,4 отсто во однос на средствата што оваа институција ги потроши годинава. Министерот за образование и наука Јетон […]

Стипендиите за студентите на земјоделство, ветеринарство и шумарство ќе изнесуват 18.000 денари

ноември 17, 2022

Новите стипендии кои ќе се доделуваат на студенти запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки ќе изнесуваат 18.000 денари месечно, а ќе се доделуваат за девет месеци во текот на една академска година. Предвидени се вкупно 30 вакви стипендии, информираше денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. „Ова е […]

Дефинитивно нема да има трансфер на администрацијата од јавниот во приватниот сектор

октомври 30, 2022

Владата на Северна Македонија се откажа од планот за трансфер на вработените од јавниот  во приватниот сектор како мерка за намалување на бројот на вработените во администрацијата. Оваа иницијатива која во 2019 година ја започна тогашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, почна да се гаси по неговото заминување и именувањето на Јетон Шаќири за […]

Страна 3 од 5