fbpx

Вал: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува образовниот систем

-

Клучниот столб на националната стратегија за развој е образовниот систем, па затоа Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образованието. Ова е заклучокот од средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал. На средбата тие разговараа за тековните реформски процеси кои ги спроведува МОН, особено во делот на основното образование, но и за идните планови кои ќе бидат поддржани од оваа организација.

„Без понуда на квалитетно образование, не може да се создадат граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените што ги наложува новото време и кои мора да се случат заради интегрирање на државата во европското семејство на развиените земји“, било наведено на средбата, соопшти МОН.

Министерот Шаќири кажал дека МОН ќе продолжи да гради хармонична училишна средина во која учениците ќе имаат меѓусебна доверба, ќе се почитуваат и нивна заедничка цел ќе биде вложување на стекнатото знаење во напредокот на својата земја.

„Меѓуетничката толеранција, почитувањето на различностите, взаемното разбирање, толеранцијата, почитта се вредности кои се интегрирани во новите наставни програми во основното образование, а верувам дека, како и досега Мисијата на ОБСЕ на различни начини ќе даде придонес за целосно нивно ефектуирање во наставата, но и преку воннаставни активности“, рекол Шаќири.

Вал истакнал дека освен поддршката преку тековни проекти и активности, ќе се работи и на воспоставување нови соработки за да се зајакне улогата на образовните установи. Тој потенцирал дека од голема важност е да се промовира и зајакне интегрираното образование, меѓуетничкото разбирање, демократските вредности, изучувањето на јазиците и интекултурализмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...